Во првите години од постоењето на Советскиот Сојуз една од главните цели на новата власт беше развојот на технолошкиот, индустрискиот и воениот потенцијал на земјата.
Последново беше особено акутно и изискуваше особено внимание во предвоениот период. Најдобрите советски инженери се охрабрија да конструираат крајно необични оклопни машини кои би можеле да обезбедат воена доминација на СССР. Нивната мечта беше толку бујна што многу проекти се зачувани само на хартија.
Еден од таквите изумители беше Павел Гроховски. Негов примарен интерес беше авијацијата, но тој осмислуваше и конструкции на многу футуристички копнени возила.
Тенкот на Гроховски на аеросанка беше целиот оклопен и одоздола имаше три скии, а озгора топ на купола која личеше на тенк.
Проектот на ова мошне необично оклопно возило направен е во текот на триесеттите години од минатиот век во Специјалното конструкторско биро на Военото воздухопловство на Црвената армија.
Овој лесен тенк имаше три оддели. Борбениот оддел беше во средината, моторот и трансмисијата одзади, а управувачката кабина во предниот дел. На врвот од тенкот БТ-2 беше поставена купола со тенковски топ со калибар од 37 митралези и митралез со калибар од 7,62 милиметри.
Екипажот беше составен од двајца војници: возач и нишанџија
Друг необичен проект на Гроховски беше оклопниот борбен мотоцикл. Овој „полугасеничен“ едносед мошне личеше на теренски мотоцикл.
Замислата беше возачот да седи во херметички оклопена кабина во предниот дел од возилото, а моторот и трансмисијата да бидат во задниот дел.
Оклопот го штитеше целото возило од куршуми и од поситни шрапнели. Интересно е што одзади беа предвидени гасеници, а напред тркало од мотоцикл.
„Најлудата“ идеја на Гроховски беше оклопен брод со два мотори да „виси во воздух“! Гроховски беше искусен конструктор на авиони, па не е ни чудно што сакаше да биде од корист и на советската пешадија и за нејзините потреби да конструира машина која никогаш претходно не беше видена. Така настана проектот за оклопен ховеркрафт.
Како и тенкот на Гроховски на аеросанка, неговиот оклопен ховеркрафт беше проектиран со три оддели – два за моторите и трансмисијата, и еден меѓу нив за двочлен екипаж кој беше составен од возач и нишанџија.
Необичната конструкција се засновуваше на идејата двата мотори, еден напред и еден одзади, да ги движат елисите кои требаше да потиснуваат воздух надолу и на тој начин да ја одржуваат машината во лебдечка состојба. Во конструкцијата се оставени и четири обични тркала, во случај ефектот на „лебдење“ да не биде доволно јак.
Проектот никогаш не беше реализиран, но затоа им го отвори патот на ховеркрафтите кои подоцна беа направени во Советскиот Сојуз.
Тука погледнете ги петте најдобри руски хеликоптери на сите времиња.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче