Зошто на СССР му беше потребен американски ловец Ф-5 во Виетнам

Northrop F-5 Freedom Fighter

Northrop F-5 Freedom Fighter

Public domain
Зошто воопшто некоја земја сака да дојде до непријателското оружје и да го искористи „во својата куќа“?

За време на војната во Виетнам советската власт успеа да дојде до американски ловец Ф-5.

Првобитно авионот го беа заплениле единиците на Северен Виетнам во 1975 година, додека се наоѓал во воената база Бијен Хоа каде беше базата на 522 ловечка ескадрила на САД. Еден од најпознатите ловци од тоа време му беше предаден на Советскиот Сојуз во рамките на воената соработка заедно со други воени машини за таканаречено „вреднување“

Што направија Советите со него?

Авионот Ф-5 беше новитет на пазарот на оружје и една од најдоминантните „челични птици“ во тој период.

Northrop F-5 Freedom Fighter, авион на американското воено воздухопловство.

Советското раководство организираше низа тестови за да провери како МиГ-21 (најновиот советски авион во тоа време) ќе се покаже во воздушна борба против американскиот ловец. Советите беа мошне непријатно изненадени од фактот што Ф-5 победи во сите имитации на воздушна борба, па инженерите дојдоа до заклучок дека е подобар од мигот.

Сите собрани податоци беа искористени за создавање на следниот модел од серијата, авионот МиГ-23, чија задача беше да ја врати доминацијата во воздухот.

„Една од целите на военотехничката разузнавачка служба е да заплени непријателско оружје и потоа да го вреднува. Со тоа се занимаваат сите земји на светот кога бараат нови технологии и нови видови оружје. Тие мошне внимателно проверуваат дали има некои нови научни откритија во запленетиот модел оружје“, вели за Russia Beyond Леонид Ивашов, генерал-полковник во пензија и доктор на историски науки.

Дали имало обратни случаи, другата страна да заплени советско оружје?

Советски ловец-пресретнувач за борба и обука МиГ-25.

Сличен настан се случи кога советскиот пилот Виктор Беленко пребегна на Запад со новиот ловец МиГ-25.

„Тој одлучи да избега од земјата и да атерира во Јапонија на сосема нов ловец МиГ-25. Штом Американците го запленија авионот, го расклопија за да ги проверат легурите кои беа користени и да дознаат како е направен најбрзиот и најманеврабилниот ловец од тоа време“, истакнува експертот.

Според него, вакви случаи имало и кога од страна на армија влегле во Германија во 1945 година, Сојузниците по Втората светска војна ги заплениле технологиите на ФАУ-2, првата балистичка ракета на светот, како и шеми за најнапредниот тенковски оклоп и мотор, а воедно и технологии кои овозможуваат создавање атомска бомба.

„Еднаш разговарав со поранешен шеф на ЦИА, и тој ми рече дека Американците му завидувале на Советскиот Сојуз поради компјутерите што се користеле на Бајконур во текот на шеесеттите и на седумдесеттите години од минатиот век. Нивната разузнавачка служба во тоа време вложила големи напори за да дојде до тие технологии, но не кажа дали тоа им тргнало од рака“, истакнува Ивашов.

Кое странско оружје воените стручњаци денес би сакале да го имаат?

Беспилотното летало „Охотник“, руски тежок офанзивен дрон.

Русија на почетокот на минатата деценија сакаше да ги има технологиите на беспилотните летала, па купуваше различни видови дронови од Израел. Подоцна овие технологии беа искористени во современите дронови „Охотник“ и „Орион“ (тука дознајте сè за овие „птички“). И денес технологиите на беспилотните летала е она што на Русија ѝ е најпотребно.

„Од друга страна, Американците сакаат да ги сфатат нашите хиперсонични ракетни технологии и нашите средства за радиоелектронска борба. Едноставно речено, би сакале да знаат како ние сè уште успеваме да ги 'заслепиме' нивните компјутерски и навигациски системи во судирите во Сирија“, додава Ивашов.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња