Направена првата партија фрлачи на гранати „Балкан“

Автоматски фрлач на гранати АГС-40 / 6Г27 „Балкан“.

Автоматски фрлач на гранати АГС-40 / 6Г27 „Балкан“.

Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.net
Воено-индустриските претпријатија ја направија првата сериска партија на најновиот фрлач на гранати „Балкан“ калибар 40 мм.

„Министерството за одбрана ја прифати конструкторската документација на системот „Балкан“ за негово сериско производство“, ги наведува агенцијата ТАСС зборовите на Бекхан Оздоев, директор на кластерот за вооружување во корпорацијата „Ростех“.

Систем детално се тестира во рамките на пробната експлоатација во единиците на руската армија. Врз основа на резултатите од тестирањето ќе биде донесена одлука за воведување на „Балкан“ во арсеналот на Вооружените сили на РФ и започнување на масовно производство, изјавија за новинската агенција од научно-производственото претпријатие „Прибор“ каде што е конструиран фрлачот на гранати.

Противпешадискиот автоматски фрлач на гранати 6С19 „Балкан“ (АГС-40) е наменет за борба против непријателска пешадија. Системот користи два вида муниција: фрагментарна и кумулативни гранати со калибар 40 мм. Вториве пробиваат хомоген оклоп со дебелина од 200 мм или бетон со дебелина од 400 мм. Дострелот на „Балкан“ е 25% поголем отколку кај моделите АГС-17 и АГС-30 кои во моментов ги користи руската армија, додека огнената моќ му е двојно поголема.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња