Ова го пишува „Известија“, повикувајќи се на извор во рускиот одбранбен ресор.
Нови возила ќе добијат извидувачките единици на Копнените сили, десантно-јуришните единици на Воздушно-десантните сили и морнаричката пешадија на крајбрежните сили на Воената морнарица на Русија.
Изворите истакнуваат дека за припадниците на десантните сили ќе бидат проектирани нови модели на баги. Единиците на Воздушно-десантните сили ќе добијат лесни огнени возила за огнена поддршка со митралези, ракетни фрлачи и пламенофрлачи, како и багија со противтенковски наведувани ракети. Единиците за материјално-техничко снабдување ќе ги опремуваат багијата за превоз на резервни делови и залихи, а припадниците на ракетните сили ќе добијат возила со преносни противракетни системи за борба против воздушни цели.
Во ноември списанието „Арсенал Отечества“ објави дека за руските Воздушно-десантни сили ќе биде направена нова модификација на хеликоптерот Ми-8. Леталото ќе го исфрлува за десант, ќе му обезбедува воздушна поддршка и ќе го транспортира лесното возило.
Во септември оваа година единиците на руските десантни сили го користеа багито „Сармат-2“ на вежбите „Запад 2021“. Возилото има отворена каросерија и погон на четири тркала. „Сармат-2“ може да носи митралез „Корд“ и фрлач на гранати АГС-17 „Пламја“. Унифицираното амфибиско возило е проектирано во рамките на експерименталниот конструкторски проект „Стрела“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче