На Саемот за воздухопловство во Дубаи во 2021 година Русија претстави огромен број нови цивилни и воени авиони, како и беспилотни летала.
Властите на Обединетите Арапски Емирати се заинтересираа за новиот руски ловец од петтата генерација Checkmate, а потпишани се и низа договори со странски нарачатели во вредност од 1,3 милијарди американски долари. Покрај тоа, најавени се и нарачки чија вредност ќе изнесува над 2,5 милијарди американски долари кога договорите ќе бидат потпишани.
Да ги погледнеме трите хедлајнери од руската изложба на саемот за воздухопловство во Дубаи во 2021 година, како што истакна корпорацијата „Ростех“, а пренесуваат медиумите.
Медиумите на презентацијата на рускиот едномоторен лесен млазен ловец на компанијата „Сухој“ кој го доби називот Checkmate (Шах-мат).
Leonid Faerberg/SOPA Images/LightRocket/Getty ImagesБез сомнение најголемо внимание привлече премиерата на новиот едномоторен ловец од петтата генерација Checkmate. Треба да се истакне дека овој авион сè уште не е воведен во експлоатација. Специјално беше транспортиран во Дубаи во еден од најголемите авиони на светот Ан-124 „Руслан“.
Медиумите го цитираат Јуриј Сљусар, генерален директор на компанијата ОАК (дел од корпорацијата Ростех) која го произведува Checkmate. Тој изјави дека авионот е единствен спој на борбени карактеристики и цена на експлоатација. Конструиран е врз основа на податоците добиени во текот на операцијата во Сирија.
„Руската компанија има намера да им го 'украде' на Американците бизнисот поврзан со извоз на петтата генерација во Обединетите Арапски Емирати. Претходно Емиратите сакаа да набават неколку ловци од петтата генерација Ф-35, но оваа работа беше сторнирана кога на власт дојде Бајден“, вели Дмитриј Сафонов поранешен воен аналитичар на весникот „Известија“.
Тој истакна дека цената на новиот едномоторен авион Checkmate ќе изнесува помеѓу 30 и 35 милиони американски долари, што е речиси двапати помалку од сите слични авиони на светот.
„Авионот се одликува со големи борбени и набљудувачки можности. Истовремено може да напаѓа шест цели, има авионика со комплет најнова опрема и со вештачка интелигенција, и намалена воочливост на радарите“, вели експертот.
Веќе се знае дека новиот авион ќе развива брзина од 2.100 километри на час и со еден резервоар ќе може да прелета 3.000 километри.
Според творецот на овој авион „почетокот на производството на Checkmate е планиран за 2025 година. Се очекува дека овој авион ќе се најде во арсеналот на вооружените сили на Латинска Америка, на Африка, на Блискиот Исток и ја Југоисточна Азија.
Зошто купувачите веќе се борат за рускиот авион Checkmate?
Офанзивното беспилотно летало „Орион“.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netВтор руски хедлајнер на саемот беше офанзивниот дрон „Орион“ што го направи компанијата „Кронштадт“.
„Ова беспилотно летало беше максимално користено во сириската кампања. Неговото појавување во армијата овозможи да се намалат трошоците за експлоатација на другите средства на военото воздухопловство кои дејствуваа во регионот и во борбите да се тестира низ перспективни технологии“, истакнува Сафонов.
Според него, ова летало на далечинско управување со наведувачки и со ненаведувачки бомби може да се претвори во команден дрон кој управува со рој други дронови.
„Компанијата продолжува да го развива 'Орион' и да ги тестира неговите можности за работа во својство на центар за команден дрон со вештачка интелигенција. Целта е тој да стане независно летало кое на бојното поле контролира офанзивна група од 20 дронови“, објаснува експертот.
„Главното својство на 'Орион' е неговата можност да управува со дронови со помош на сателитски сигнали, а не на радиобранови кои би можеле да бидат 'задушени' со средства за радиоелектронска борба“, нагласува тој.
Покрај тоа, „Орион“ може да носи 200-250 килограми бомби и да лета со брзина од 120 километри на час на висина од 7.500 метри. Може да остане во воздухот 24 часа.
Патничкиот авион МС-21.
Павел Бедњаков/SputnikКако што проценува компанијата „Боинг“, во претстојните децении се очекува брз пораст на побарувачка за цивилни авионски летови. На авионските компании ширум светот ќе им бидат потребни речиси 20.000 авиони од различни видови, а се проценува дека договорите на ова поле ќе бидат вредни вкупно околу 3,2 билиони американски долари.
Со цел задоволување на потребите на авионските компании и на патниците Русија неодамна претстави 163 патнички авиони со максимална должина на летот од 6.400 километри. Станува збор за моделот МС-21.
Покрај тоа што е претставен на изложбата, овој авион ги демонстрираше своите можности во лет. Медиумите високо ја оценија неговата можност да се искачува на 800 метри висина од агол од 45 степени со брзина од 210 километри на час.
Треба да се истакне дека МС-21 е навистина впечатлив во природна големина. Лично ја видов демонстрацијата на овој авион на саемот за воздухопловство и космонаутика МАКС-2019 кога тој направи нагло вртење под прилично остар агол веднаш по полетувањето, и дури потоа почна да се искачува. Тоа изгледаше речиси како искачување на ловечки авион.
Авионот демонстрираше одлично забрзување и големи маневарски можности. Пилотот под морничави агли го спушташе на пистата овој огромен патнички авион. Вакви акробатски маневри може да изведуваат само „Руските витези“.
Покрај летните карактеристики производителот ја истакнува и кабината на моделот МС-21 како една од неговите главни особености. Овој авион во својата класа има најширок премин помеѓу седиштата така што спаѓа меѓу најкомфорните патнички авиони за летови на средни релации.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче