Подводен автомат АПС.
Vitaly V. Kuzmin/vitalykuzmin.netИздвоени се најтивките, најдолгите, минијатурните куршуми и светлечката сачма, како и куршумот се две зрна, соопштуваат од информативната служба на „Ростех“.
Најтивката муниција ја направи конструкторот Игор Стечкин уште на средината на минатиот век по налог на КГБ за специјалното оружје камуфлирано да личи на табакера. Уредот немаше придушувач, така штом му беа потребни посебни куршуми кои ја добија ознаката СП-1. Оваа муниција не беше пуштена во масовно производство, но врз нејзина основа беа направени помоќните куршуми СП-3 и СП-4, кои потоа беа воведени во употреба.
Најдолгите куршуми „игла“ се направени за подводниот автомат АПС. Личат на стрела, долги се 15 см и имаат калибар од 5,66 мм Овој куршум е три пати подолг од обичниот куршум што го користи автоматот „Калашников“. Зрно испукано од таква чаура го погодува непријателот во нуркачко одело и пробива акрилно стакло со дебелина од 5 мм.
Минијатурниот куршум има калибар од 5,45×18 mm. Пробива панцирен елек од втора класа на заштита. Направен е за полуавтоматскиот пиштол со мали димензии ПСМ. И денес се смета за најсплесканиот сериски пиштол на светот - широк е само 18 мм.
Следен на списокот е куршумот со две зрна. Конструкторите на Централниот научноистражувачки институт за прецизна машиноградба („ЦНИИточмаш“) на овој проект му дадоа име „Теоретичар“. Направени се два куршуми 12,7×108 мм 1СЛ и 1СЛТ (трасер). Тие беа пуштени во употреба во 1984 година, но не беа често користени бидејќи на армијата не ѝ одговараше намалената пробојност и големото расфрлање куршуми.
Првиот ловечки патрон со светлечки елемент го направија инженерите на холдингот „Технодинамика“. Тој го доби називот „Шлејф-вектор“. Според конструкторите, во Русија и светот не постои ништо слично. Светлечкиот елемент овозможува да се визуелизира летот на сачмата и да се коригира прецизноста на гаѓањето. Затоа овој патрон е уникатен. „Шлајф-Вектор“ се користи во класичните едноцевни и двоцевни пушки, како и во пумпариците, но и во стрелечкото оружје со мазна дупка со гасна автоматика и инерцијален систем на работа. Одговара на оружје со калибар 12.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче