Пред една година во градското пристаниште се закотви огромната баржа „Академик Ломоносов“. На неа се наоѓа електрана напојувана од релативно мал нуклеарен реактор. Од тој момент жителите на Певек уживаат во греењето и топлата вода во своите домови благодарение на „мобилниот“ нуклеарен реактор.
Изворот на струја не е типичен реактор со огромни разладни кули, туку прв реактор од последна генерација на мали и потенцијално поуниверзални нуклеарни централи. Во овој случај, таа се наоѓа на баржа што плови недалеку, во Северниот леден океан.
Пловечка нуклеарна централа „Академик Ломоносов“
Пресс-служба АО "Концерн Росэнергоатом"/SputnikЗа разлика од другите места каде нуклеарната енергија се користи за производство на електрична енергија, нуклеарната баржа во Певек работи на поинакви принципи. Обично големите нуклеарни централи од овој тип што се наоѓаат во Америка, Европа и Азија произведуваат струја која потоа се користи во системите за греење во станбените реони.
Додека пловечката нуклеарна централа кај Певек ја испраќа топлината директно од реакторот до станбените домаќинства преку систем на таканаречени водени јамки и се разменува топлина, која ја задржува водата контаминирана од радиоактивни честички во електраната, а ја транспортира топлината преку цевките што го снабдуваат градот.
Певек
Пресс-служба АО "Концерн Росэнергоатом"/SputnikИ покрај опасноста што обично се поврзува со нуклеарните централи, повеќето од 4500 жители на оддалеченото пристаниште Певек, кое лежи над северниот поларен круг на Чукотка, генерално имаат позитивен став спрема неконвенционалната технологија. И да има скептици, тие немаат можност за избор, бидејќи системот сега го покрива целиот град.
Луѓето се тушираат, ги капат децата и планираат да ја загреваат градската парна бања со топлината што ја создава пловечка нуклеарна централа, која некои станари можат да ја видат од прозорците на своите станови.
Меѓу безбедносните мерки што ги презеде снабдувачот со нуклеарна енергија, руската државна компанија „Росатом“, воспоставена е разлика во притисокот помеѓу водата што циркулира низ зградите и разладниот јазол во електраната, што е начин да се избегне случајно истекување на радијација; електраната може да издржи надворешен удар со сила на пад на мал авион; во баржата исто така е вграден и безбедносен контејнер кој ја одржува нуклеарната централа на вода.
Иако директното греење на становите со енергија од пловечка нуклеарна централа е реткост, малите реактори како оној во Певек се користени во многу земји низ годините. Сличен реактор имаа и САД, а Шведска го користеше за да обезбеди греење во делови на Стокхолм од 1963 до 1974 година.
Покрај тоа, компаниите во САД, Кина и Франција ги разгледуваат придобивките од технологијата што моментално се користи во рускиот северен град. Меѓутоа, Германија ја отфрла употребата на нуклеарна енергија по несреќата во Фукушима во Јапонија во 2011 година.
Според научниците, употребата на овој тип мали нуклеарни реактори за директно греење на станбените блокови може да има поволно влијание врз загадувањето на животната средина, бидејќи може да доведе до декарбонизација на електричната мрежа и со тоа да ја намали емисијата на штетни гасови во атмосферата.
Овде дознајте повеќе за првата руска пловечка нуклеарна централа.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче