Како главни карактеристики на перспективниот руски ловец од петтата генерација Checkmate се истакнуваат малата радарска видливост, модерниот радар са активна фазна решетка (АФАР), како и модуларноста на леталото кое ќе може да се адаптира по желба на купувачот.
При проектирањето на новиот авион се користени резултатите од работата над ловецот Су-57. Иако визуелно имаат одредени сличности, Checkmate ќе биде значително полесно летало, поточно ќе спаѓа во категоријата лесни тактички ловци. Што се однесува до конструкцијата, Checkmate ќе биде направен по стелт-технологија. Ќе има внатрешни отсеци во кои ќе се сместуваат ракети од различен тип и дострел. Ќе има нова нова авионика и способност за управување со беспилотни летала. Су-75 Checkmate ќе може да достигне брзина до 1900 км/ч, а неговиот борбен радиус изнесува 3 илјади километри.
Checkmate ќе се склопува во воздухопловниот завод КнААЗ во Комсомолск на Амур. Неговиот прв лет е планиран за 2023 година, а почетокот на сериското производство се очекува во 2025 година.
Наскоро ќе биде реализирана неговата прва странска премиера и тоа на Меѓународнито воздухопловен саем Dubai Airshow 2021 што ќе се одржува од 14-18-ноември. Првпат овој авион беше претставен на Меѓународниот военокосмички саем МАКС 2021.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче