БЕЗ КОНКУРЕНЦИЈА: Еден час летање со руски Су-75 ќе биде дури 700% поевтин во однос на F-35

Алексей Майшев/Sputnik
Како главни карактеристики на перспективниот руски ловец од петтата генерација Су-75 Checkmate Чемезов ги истакна малата радарска видливост, модерниот радар со активна фазна решетка (АФАР), како и модуларноста на самото летало, кое ќе може да се прилагоди според желбите на купувачот.

Цената на лет во траење од 1 час на перспективниот руски ловец од петтата генерација Checkmate ќе биде дури 7 пати пониска отколку кај неговиот главен конкурент – американскиот ловец F-35. Ова за францускиот весник „Фигаро“ го изјави генералниот директор на „Ростех“ Сергеј Чемезов.

„Меѓу едномоторните авиони и леталата од петтата генерација кои имаат слични карактеристики, единствениот главен конкурент на нашиот ловец Checkmate е американскиот F-35. Меѓутоа, за разлика од него, нашето летало е економски поисплатливо. Само да потсетам дека цената еден час летање со Checkmate  ќе биде 7 пати пониска од цената на F-35“, рече Чемезов, пренесува веб-порталот РИА „Новости“.

Неговата прва странска премиера ќе биде реализирана на Меѓународниот воздухопловен саем Dubai Airshow 2021, кој ќе се одржи од 14 до 18 ноември. Овој авион за прв пат беше претставен на Меѓународниот военокосмички саем МАКС 2021.

Како главни карактеристики на перспективниот руски ловец од петтата генерација Checkmate Чемезов ги истакна: малата радарска видливост, модерниот радар со активна фазна решетка (АФАР), како и модуларноста на самото летало, кое ќе може да се прилагоди на желбите на купувачот.

При неговото проектирање се применети искуствата стекнати во текот на развојот на повеќенаменскиот ловец Су-57. Иако визуелно имаат одредени сличности, Checkmate ќе биде полесно борбено летало, поточно ќе спаѓа во категоријата на лесни тактички ловци. Што се однесува до конструкцијата, Checkmate ќе биде направен според тнр. „стелт“ технологија. Ќе има внатрешни отсеци во кои ќе бидат сместени ракети од различен тип и дострел. Ќе има нова авионика, а ќе има и способност за управување со беспилотни летала. Су-75 Checkmate ќе може да достигне брзина од 1900 км/ч, а неговиот борбен радиус ќе достигнува 3 илјади километри.

Checkmate ќе се склопува во воздухопловниот завод КнААЗ, кој се наоѓа во Космомолск на Амур. Неговиот прв лет е планиран за 2023 година, додека сериското производство се очекува во 2025 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња