Руската армија на просторот на Приморскиот крај изведува голема воена вежба со боево гаѓање во која учествуваат артилериско-ракетните единици на Источниот воен округ. Покрај тешките самоодни фрлачи 2С4 „Лале“, на терен излегоа екипажи наоружани со самоодни хаубици со калибар 152,4 мм 2С5 „Гиацинт-С“ и екипажи со повеќецевни ракетни лансери БМ-27 „Ураган“ со калибар 220 мм.
2С4 „Лале“ е советски минофрлач од голем калибар малтери (240 мм) кој поради неговата карактеристична вертикална траекторија на мината е наменет за уништување на утврдени непријателски цели, кои пак не се достапни за другите видови артилериско оружје. Борбениот комплет на овој минофрлач се состои од 20 разорни мини со индивидуална маса од 134 кг, како и десет активно-реактивни мини со зголемен дострел.
Последниве имаат маса од дури 230 кг. Ефективниот дострел на минофрлачот со обични мини изнесува 9000 метри, додека со активно-реактивна мина дострелот достигнува речиси 20000 метри. Покрај мини со разорни боеви глави, 2С4 „Лале“ може да користи и мини со касетни боеви глави и суперпрецизни мини од типот „Смељчак“ кои се особено ефикасни против минијатурни точкести цели.
Руска армија на простору Приморског краја изводи велику војну вежбу са бојевим гађањем у којој учествују артиљеријско-ракетне јединице Источног војног округа. pic.twitter.com/WA35P3kTeJ
— Marsonline Борбени Ефективи (@gvozdenavolja) February 25, 2021
Благодарение на извонредната огнена моќ на ова оружје, Русите за 2С4 „Лале“ ја развија и специјалната запалива мина „Сајда“, како и неутронската муниција „Смола“ и „Фата“. Овој минофрлач може да дејствува и со мини кои имаат тактичка нуклеарна боева глава со сила од 2 килотони, која обично се става во активно-реактивен проектил.
Руското Министерство за одбрана минатата година објави дека за ова навистина уникатно орудие во светот е развиен пакет модернизација, кој вклучува нов систем за врска, како и модернизиран нишански и навигациски комплекс. Полниот формат на оваа модернизација, поточно сите негови елементи, претставуваат воена тајна.
Во текот на реализацијата на оваа комплексна вежба, воздушна, но и извидувачка поддршка, даваа борбените хеликоптери Ка-52 „Алигатор“. Се работи за класа на борбено-извидувачки хеликоптери. Неговата основна намена е борба против тенкови, оклопна и друга борбена техника, непријателска жива сила, хеликоптери и останати воздушни објекти, на предниот крај на одбраната и тактичката длабочина на фронтот, во сите временски и климатски услови. Опремен е со современа авионика која е во спој со респектабилно вооружување. Го движи силен мотор са коаксијална елиса што на „Алигаторот“ му обезбедува одлични маневарски карактеристики кои вклучуваат изведување сложени летечки фигури. Покрај тоа, Ка-52 е опремен и со систем за радиоелектронска заштита, апаратура за намалување на топлотната рефлективност, како и со средства за активна заштита од лесни преносни системи за ПВО.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче