Три најголеми рекорди на руското оружје

Заменикот генерален директор на корпорацијата „Лобачов армс“ Јуриј Синицин ја тестира далекустреланата снајперска пушка СВЛК-14С на полигонот на корпорацијата

Заменикот генерален директор на корпорацијата „Лобачов армс“ Јуриј Синицин ја тестира далекустреланата снајперска пушка СВЛК-14С на полигонот на корпорацијата

Владимир Гердо/TASS
Некои од овие рекорди не се запишани во Гинисовата книга, но историјата ќе ги памети имињата на творците на овие оружја.

Руските производители на оружје отсекогаш биле познати по тоа што прават најефикасни и најсигурни системи за вооружување на светот. Определени модели се направени за да се постават светски рекорди и да се покаже потенцијалот на рускиот арсенал.

Најмоќната нуклеарна експлозија на светот

На 30 октомври 1961 година во Советскиот Сојуз експлодираше најмоќната термонуклеарна бомба на светот со сила од околу 58 мегатони ТНТ. Бомбата беше речиси три илјади пати посилна од атомската бомба што САД ја фрлија врз Хирошима во 1945 година. Денес ваквата нуклеарна проба и нејзините последици изгледаат застрашувачки, но за разлика од бомбардирањето на Хирошима, во оваа експлозија не настрада никој. Советскиот сојуз сметаше дека ваквите нуклеарни проби се неопходни, зашто треба да им ја покаже својата моќ на Соединетите Американски Држави и на тој начин да се спречат вистини вооружени конфликти.

Со експлозија беа демонстрирани можностите на СССР во поглед на создавањето најмоќни нуклеарни полнења на светот. Оваа проба резултираше со потпишување на Договорот за забрана за нуклеарни проби во атмосферата, во вселената и под вода, со што беа исклучени сите експлозии на нуклеарно оружје освен подземните.

На почетокот силата на советската бомба изнесуваше 100 мегатони ТНТ. Но, кога експертите го пресметаа влијанието на ваквата експлозија врз природната средина, беше донесена одлука да се тестира бомба со помало полнење.

За ова тестирање инженерите мораа да го модернизираат тешкиот стратешки бомбардер Ту-95 зашто атомската бомба не можеше да ја собере во авион. Направен беше специјален уред со кој бомбата беше закачена однадвор, на долната страна од трупот.

Исто така мораше да се намали брзината на паѓањето на бомбата со цел авионот да има време да се оддалечи на безбедно растојание, со цел екипажот да нема последици од нуклеарната експлозија. Поради тоа беа додадени три специјални падобрани кои ја намалуваат брзината на падот на 20-25 метри во секунда.

Термонуклеарното полнење беше исфрлено од стратешкиот бомбардер и експлодираше 3.700 метри над земјата. Во моментот на експлозијата авионот беше оддалечен 45 километри, но од него се гледаше „нуклеарната печурка“.

Најмоќна ненуклеарна експлозија

Експлозијата на „Таткото на сите бомби“

Руската армија ја поседува и најмоќната ненуклеарна бомба на светот која неофицијално се нарекува „Татко на сите бомби“.

Направена е како помоќен пандан на американската авионска бомба GBU-43/B Massive Ordnance Air Blast (која неофицијално се нарекува „Мајка на сите бомби“). Експлозијата на оваа бомба имаше сила од 10 тони ТНТ. Американците за првпат ја применија во Авганистан во април 2017 година.

Првобитниот назив на руската бомба беше Термобарична авионска бомба (ТАБ) со сила од 44 тони ТНТ. Бомбата беше тестирана на 11 септември 2007 година, но подоцна не беше користена во борбени дејствија.

По разорната моќ може да се спореди со нуклеарните боеви глави, со тоа што за разлика од нив, благодарение на таканаречената термобарична експлозија, не остава зад себе радиоактивен облак.

Еве како функционира тоа. Во носот на руската бомба се наоѓа уред кој при испукувањето „прска“ експлозив во самото полнење.

Аеросолите во бомбата се конвертираат во смеса која експлодира со помош на запалка.

Бомбата прави ударен бран кој на местото на експлозијата формира безвоздушен вакуум, по што доаѓа до промена на притисокот и сите објекти во епицентарот на детонацијата буквално и самите експлодираат, без разлика дали се тоа луѓе, утврдени положби или некои други непријателски одбранбени конструкции.

Руските вооружени сили никогаш го немаат применето ова оружје. Го држат под клуч во арсеналот и ќе го применат само во случај доколку не постојат други средства на располагање.

Снајперски погодок од најголемо растојание на светот

Ултрадалекустрелната снајперска пушка на Лобаев СВЛК-14С „Сумрак“ на компанијата „Лобаев армс“

Рускиот производител на оружје „Лобаев армс“ постави рекорд во снајперки погодок од најголема оддалеченост на светот. Нивната пушка СВЛК-14С ја погоди целта од растојание од 4.200 метри (што е подалеку од линијата на хоризонтот). Рекордот беше поставен во септември 2017 година. Претходниот рекорд го држеа американските стрелци кои користеа тактичка далекустрелна снајперска пушка Extreme Long Range Tactical rifle HCR со калибар .375 Cheytac.

Оружјето користи подобрена верзија на муниција со калибар .408 CheyTac (10,3 милиметри) со големи габарити и голема брзина. Пушката нема магацин, во неа може да собере само еден куршум и конструирана е само за вакви снајперски рекорди.

Направена е од карбонски влакна кои всушност се смеса од пластика, фиберглас и кевлар. Оваа цврста супстанца е создадена да ја издржи вибрацијата на тешката челична цевка долга 900 милиметри, најмоќен куршум на светот и ударот што тој го прави.

Пукањето од оваа пушка пробива метална плоча со дебелина од 3 сантиметри, и затоа бидете сигурни дека ниту еден панцир на светот не спасува од нејзиниот куршум.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња