Ова го објави порталот РБК, повикувајќи се на соопштение на компанијата.
Руските граѓани ќе можат да ја следат локацијата на роботот на мапа, а кога тој ќе ја испорача пратката на адресата, ќе добијат порака преку телефон. Потоа корисникот ќе добие контролен код што ќе го внесе во апликацијата, роботот ќе го отвори капакот, а примачот ќе ја преземе пратката.
Познато е дека растојанието на испораката може да биде до два километра од почетната точка. Услугата ќе може да се користи преку апликација на Android телефони, а почетната цена ќе биде една рубља, соопшти компанијата.
Претходно „Јандекс“ започна со автономна испорака на храна во Москва и Инополис кај Казањ. Во рускиот главен град овој вид испорака може да се користи во деловниот кварт „Бел плоштад“ кај метро-станицата „Белорускаја“. Порачките се испорачуваат од рестораните „Марукаме“, Steak it Easy, Boston Seafood & Bar, Prime, Paul и Cheese Connection. Во Инополис и роботите, исто така, испорачуваат порачки од ресторан, но во иднина е планирано да се користат и за давање помош на жителите на градот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче