Реморкер, АТВ теренско возило „Ермак“ што го имаат развиени стручњаците на рускиот Централен научноистражувачки автомобилски и автомото институт (НАМИ), 1965 година.
В. Головачов/SputnikМВТУ-2
АрхиваКонцепцијата на необичните теренски возила кои ја користат технологијата на меки гуми под низок притисок за движење по мека и правлива земја се појавија во текот на педесеттите години од минатиот век во САД. Во услови на сè поголеми тензии помеѓу двете суперсили во времето на Студената војна, Советскиот Сојуз не можеше да дозволи САД да бидат единствени производители на потенцијално моќна опрема која има перспектива за примена во воени цели.
Така кон крајот на 1958 година советските инженери направија советско возило за сите видови терени (АТВ возило). Тоа во голема мера се засновуваше на моделот ГАЗ-69, лесен камион кој имаше погон на сите тркала и беше произведуван во СССР од 1953 година.
ГАЗ-69
Сергеј Коровкин 84 (CC BY-SA 4.0)Камионот имаше кабина со подвижен покрив, па иста таква доби и теренецот АТВ. Моторот, менувачот и другите неопходни делови исто така се преземени од споменатиот камион. Главната разлика беше во тркалата и во рамнотежата. Камионот имаше четири обични тркала, а новото превозно средство користеше три џиновски и мошне еластични гуми под низок притисок кои имаа извонредни карактеристики за движење по нерамен терен.
Пневматски валјак
АрхиваВака дизајниран имаше ефект, иако само делумно. МВТУ-2 лесно се движеше по мек терен, но имаше тешкотии во движењето по асфалтен пат, каде е потребно да се развие поголема брзина. Покрај тоа, возилото многу се нишаше при движење.
ЗИЛ-132С
АрхиваИнженерите од фабриката ЗИЛ во 1964 година го исфрлија новиот прототип на АТВ возила со големи гуми со низок притисок за движење по мек терен. Новото возило беше комбинација на камионите ЗИЛ-164 и ЗИЛ-157К.
Зил-164. Возилото е делумно обновено: не се оригинални бочните страни на хаубата и платформата на приколката.
Технички музеј, Тољати/ShinePhantom (CC BY-SA 3.)Првобитно се додадени четири тркала со меки гуми со пречник од еден метар. Малку е чудно што овој АТВ немал предна осовина, односно двете предни тркала биле цврсто фиксирани за шасијата.
Москва. ЗИЛ-157 на Можајскиот автопат по стартот на Четвртата трка на оклопни возила „Пат на храброста“, 2020.
Михаил Терешченко /TASSВаквиот дизајн оневозможувал предните тркала да се користат за вртење. Поради тоа возилото се вртело со помош на задните тркала кои имале посебна осовина. Кочници имале само предните тркала.
Оваа радикална конструкција лошо се покажала на тестовите зашто со ваквото возило било тешко да се управува, а погрешниот дизајн го отежнувало ракувањето со воланот. Проектот на крајот е запрен, а направените прототипи се уништени.
Еден од најперспективните прототипи на „теракрузерите“ што ги проектирале советските инженери бил ЭТ-8, направен во 1963 година.
Визуелно тоа била речиси идентична копија на американскиот модел FWD MM1 Teracruzer. За разлика од прототипот направен во Америка, советското возило се движело со помош на бензински мотор со сила од 180 коњски сили кој е земен од камионот Урал-375, додека Американците користеле авионски мотор со осум цилиндри кој користел авионско гориво.
Урал-375Д
LutzBruno (CC BY-SA 3.0)Советското возило имало осум големи гуми со пречник од 1.2 метри – групирани така што четири да бидат напред и четири одзади.
Кабината на советскиот модел е земена од артилерискиот реморкер од руско производство АТС.
Овој АТВ теренец беше тежок 12 тони и во приколката можеше да носи осум тони товар.
И покрај релативно успешното тестирање, излегло дека возилото е премногу тешко и скапо, така што не е пуштено во сериско производство.
Прочитајте исто така: Петте НАЈДОБРИ руски автомобили на сите времиња
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче