Припадници на странски воени контингенти од седум земји пристигнаа да учествуваат во заедничките стратешки руско-белоруски вежби „Запад 2021“, Ниженовгородска област, 7.9.2021.
Министерство за одбрана на РФ/Global Look PressКако што претходно беше соопштено, во маневрите ќе учествуваат речиси 200000 војници, меѓу кои ќе има и странски контингенти од земјите-членки на ОДКБ, ШОС и други. Ќе бидат ангажирани стотици единици техника, вклучувајќи тенкови, оклопни возила, бродови и авијација. Русија првпат во маневри од вакви размери ќе ги примени најновите борбени роботи „Уран-9“.
Во Калининградската област, најзападниот регион на Русија, поморските полигони за воена обука во јужниот дел на Балтичкото Море веќе ги зазедоа 15 воени бродови, како и бродови за снабдување. На знак на тревога беа подигнати авијацијата и поморската пешадија и единици на корпусот на крајбрежните трупи.
Во заедничките руско-белоруски стратешки маневри „Запад 2021“ се ангажирани преку 80 авиони и хеликоптери. Екипажите на суперсоничните ловци Су-35С, Су-30СМ, МиГ-31БМ и Су-34, како и на мултифункционалните хеликоптери Ми-8 од различни модификации, набљудувачко-јуришните Ми-28 „Ноќен ловец“, јуришните хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ и Ми-35 ќе изведат групни и поединачни летови, ќе тренираат водење воздушна битка и напад врз копнена групација трупи на условниот непријател.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче