Руските војници победија во „Тенковскиот биатлон“ на игрите „АрМИ 2021“

Министерство за одбрана на РФ/Global Look Press
„Тенковскиот биатлон“, најатрактивното натпреварување на меѓународните воени игри „АрМИ 2021“, заврши со победа на руската екипа.

Во натпреварувањето учествуваа екипи од деветнаесет земји. Сите користеа тенкови Т-72Б3, со исклучок на екипата на Кина, која по традиција „војуваше“ со тенкови од кинеско производство Type 96. Тимовите беа поделени во два дивизиона согласно резултатите од минатогодишното натпреварување. Во првиот дивизион беа најдобрите, а во вториот - оние малку послабите.

Натпреварувањето беше необично напнато. Во текот на сите претходни години водечки беа репрезентациите на Русија, Кина и Белорусија, а овој пат многу силната екипа на Белорусија не се пласираше во финалето. За златото, среброто и бронзата се натпреваруваа репрезентациите на Азербејџан, Казахстан, Кина и Русија.

Белорусите немаа среќа. Пред нивниот полуфинален настап на 1 септември на полигонот Алабино падна силен дожд, така што настапот беше поместен за 2 септември. Веројатно тоа им го поремети „ритамот“ на белоруските тенкисти, така што тие не покажаа најдобар резултат.

Во многу напната борба најдобри беа тенкистите од Русија, на второ место беа Кинезите, а на трето натпреварувачите од Казахстан. Екипата на Азербејџан го зазеде четвртото место. Тенкистите од овие четири земји се најдобри на светот. Се разбира, со тенкистите на Белорусија, иако тие не влегоа во финалето.

Руските војници стигнаа на целта за 1 час, 36 минути и 49 секунди, кинеската екипа за 1:47:20, репрезентацијата на Казахстан за 2:03:04, додека Азербејџан забележа резултат од 2:04:58.

Стручњаците истакнаа дека во однос на претходните години значително е подигнато нивото на професионална обученост на тенкистите од сите екипи кои учествуваа во годинашново натпреварување.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња