Министерот за одбрана на РФ, генерал на армија Сергеј Шојгу, во пресрет на отворањето на Меѓународните воени игри 2021 лично ја помина патеката на „Тенковскиот биатлон“ долга преку четири километри во нов тенк Т-80БВМ.
Шефот на рускиот воен ресор високо ја оцени подготвеноста на инфраструктурата на полигонот „Алабино“ за одржување на манифестацијата. На руските тенковски екипи тој им посака успех во натпреварувањето.
Меѓународните воени игри 2021 се отвораат на 22 август. Од самиот почеток на одржување на манифестацијата Русија редовно победуваше. Од година на година сé поголем број земји се пријавува за учество на „воената олимпијада“.
На полигонот „Алабино“ претходно се одржа гаѓање на оклопна техника за „Тенковскиот биатлон“. Во натпреварувањето ќе учествуваат 19 земји од целиот свет. Според пропозициите, целта е да се помине привремената специјално направена тенковска патека, да се совладаат пречките, да се погодат целите и да не се добијат казнени поени. Игрите се затвораат на 4 септември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче