ИБР „Сармат“
Министерство за одбрана на РФПерспективниот стратешки ракетен систем „Сармат“ во иднина ќе стане темелот на нуклеарниот штит на Русија. Ова шефот на државната корпорација „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин го соопшти во четвртокот во текот на маратонот „Ново знаење“, соопшти агенцијата „Интерфакс“.
Шефот на државната корпорација го окарактеризира „Сармат“ како темел на безбедноста на идните генерации. Според него, овој систем ќе ја обезбедува одбраната на земјата најмалку 30-40 години. Рогозин го истакна „уникатниот“ дострел и брзината на полетување на ракетата. Тоа ќе му овозможи на „Сармат“ да го совлада секој систем за противракетна одбрана, смета тој.
Според Рогозин, летечко-конструкторското тестирање на ракетата „Сармат“ ќе започне по завршувањето на статичките тестирања на земја.
Во август министерот за одбрана на Русија Сергеј Шојгу изјави дека летечкото тестирање на ракетата „Сармат“ ќе започне во 2021-та, а ќе заврши во 2022 година. После тоа, во Стратешките ракетни сили ќе биде формиран првиот полк вооружен со ракети „Сармат“.
Перспективни стратешки ракетен систем со силосно базирање „Сармат“ треба да ги замени советските ракети Р-36М2 „Воевода“. Системот содржи повеќестепена интерконтинентална балистичка ракета на течно гориво. Особеноста на овој систем ќе бидат начините за доставување на боевата глава до целта, што ќе овозможи ефикасно да се заобиколуваат средствата за противракетна одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче