Првата ракета ќе биде истрелана „некаде во третиот квартал“ на „бојното поле на полигонот Кура на Камчатка“. Сите лансирања ќе бидат изедени од силосен лансирен уред на космодромот Плесецк.
Не е исклучено една ракета да биде истрелана на максимално растојание. Следната година се очекуваат државни тестирања на ракетата „Сармат“ и распоредување на првиот полк на борбено дежурство, а воениот ресор „веќе купува сериски произведени ракети“, пренесува новинската агенција ТАСС.
„Сармат“ (РС-28) ќе ја замени најтешката на светот стратешка ракета „Војвода“ (според кодификацијата на НАТО „Сатана“, РС-20В). Опитно-конструкторските работи на тој проект започнаа во 2011 година. „Сармат“ ќе може да погодува цели летајќи како преку Северниот, така и преку Јужниот пол, совладувајќи ги системите за противракетна одбрана.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче