Су-30МКИ
g4sp (CC BY-SA 2.0)Русија со децении продаваше оружје на други земји, а воедно низ целиот свет создаваше и воени објекти за производство на високотехнолошко вооружување за своите клиенти. Понекогаш Руската Федерација продава лиценци за производство на воена техника со комплетна техничка документација со цел на својот странски партнер да му овозможи самостојно да произведува руско оружје.
Кон средината на шеесеттите години од минатата година Индија стана најголем купувач на руско оружје. Оттогаш, според податоците на Стокхолмскиот интернационален институт за проучување на мирот (СИПРИ), една третина од воениот извоз на Москва е ориентирана на Њу Делхи, што на рускиот буџет му донесе 65 милијарди американски долари во готовина.
Су-30МКИ на Индиското воздухопловство.
Alan Wilson (CC BY-SA 2.0)„Покрај испораката на готово вооружување, Москва продава и лиценци со сета техничка документација, што овозможува отпочнување на комплетно производство на руско оружје во друга земја. Тоа не се прави секогаш, но вакви договори често се само еден дел од погодените бизниси направени помеѓу двете земји поврзани за производство на оружје и вредни неколку милијарди. Токму таков беше случајот со Индија“, изјави за Russia Beyond Иван Коновалов, директор за развој во Фондот за промовирање на технологии на 21 век.
Според него, една од овие лиценци е продадена на индиската корпорација Hindustan Aeronautics Limited (HAL). Оваа компанија од 2000 година има исфрлено повеќе од 200 тешки ловци Су-30МКИ. Таа не само што ги составуваше ловечките авиони од делови кои се претходно направени во Русија, ами ги доби и сите погони потребни за производство на ловецот Су-30МКИ. Според договорот потпишан со корпорацијата HAL Русија испорачува соодветен алуминиум и титаниум за производство на авиони.
Коновалов истакна дека Индија и понатаму е најголем купувач на руско оружје. „Се обидуваме во определени договори да пропишеме основање претпријатија кои ќе произведуваат оружје или барем делови за воена техника кои тие ги купуваат од нас. На пример, ние имаме низа фабрики на индиското приморје каде се произведуваат резервни делови за бродовите и подморниците што долги години ѝ ги продаваме на Индија“, додаде тој.
Во најбрз рок концернот „Калашников“ исто така ќе отвори своја фабрика во Индија кадешто оваа компанија ќе произведува АК-203 за индиската армија. Тоа е уште еден од низата договори помеѓу двете земји кои вредат стотици милиони зашто Индија се има обврзано да произведе најмалку 670.000 автомати АК-203, а едно такво парче чини 960 американски долари.
Воените односи помеѓу Русија и Кина траат мошне долго и тие не биле отсекогаш едноставни. Москва со години му продаваше на Пекинг лиценци за производство на оружје.
Кинески морнар со автомат Type 56.
PH1 CHARLES L. MUSSI„Ние во времето на СССР започнавме лиценцирано производство на АК-47 во Кина. Нашите партнери направија низа модификации на овој автомат и тој го доби називот Тип-56. Меѓутоа, производството на светски познатите автомати Калашников се претвори во неквалитетно копирање со многубројни грешки. На Москва тоа не ѝ се допадна, така што на Кинезите не им беше продолжена лиценцата. Дури и денес на пазарот на оружје можат да се најдат кинески копии на АК-47 кои без лиценца се направени во Кина“, вели Коновалов.
Прочитајте исто така: Пет најлоши производители на автоматската пушка Калашников
Во текот на деведесеттите години од минатиот век Русија во Кина направи воена фабрика за производство на ловци Су-27.
„Меѓутоа, долгогодишната работа со Кина беше запрена и фабриката која требаше да направи 200 авиони за кинеската војска направи само 100“, истакна експертот.
ZBD-04A
Tyg728 (CC BY-SA 4.0)Кинезите го копираа и БМП-3 од руско производство и направија сопствено возило врз база на платформата ZBD-04A. „Да, кинеската платформа има низа технички решенија кои се преземени од рускиот БМП-3, а ние сакавме овие возила да ги продадеме и да отвориме комплетно производство во Кина. Договорот пропадна штом Кинезите ја добија првата партија од овие возила за тестирање“, истакна тој.
Сепак, има и добри примери за плодната соработка во областа на воената индустрија. На пример, Кина уште во 2005 година во рамките на договорот за лиценцирано производство купи и нарача осум бродски артилериски оружја АК-176 со калибар од 76 милиметри, и ова оружје сè уште се испорачува, Како што наведува СИПРИ, овој систем во Кина ја доби ознаката H/PJ-26 и по редот е поставен на големите десантни бродови Тип-071 (од класата Јужао).
Во согласност со договорот од 2011 година Русија започна производство на турбомлазни мотори за палубниот ловец Ј-15.
„Сите фабрики кои се направени во странство ѝ припаѓаат на земјата во која се наоѓаат. Русија има право на вето во потенцијалните договори поврзани за продажба на трети земји на оружјето кое се произведува во овие фабрики. Ние можеме по правен пат да ги запреме ваквите договори со трета страна, доколку Русија почувствува дека системите за вооружување ќе се најдат во рацете на терористи. Во спротивен случај земјата има слобода да прави што сака со тоа оружје и да го продава на кого сака“, изјави Коновалов.
Кон почетокот на 2010 година на рускиот производител на оружје Lobaev Arms му беше предложено да организира комплетно производство на снајперска пушка во Обединетите Арапски Емирати.
Помеѓу приватната компанија и ОАЕ потпишан е мултимилионски договор кој подразбира производство на 200 снајперски пушки за локалните специјални единици и продажба на лиценца за понатамошно производство на руските снајперски пушки модифицирани за потребите на регионот на Арапскиот полуостров.
„Сега компанијата се вика ’Tawazun’. Најпрво таа се специјализираше за руските снајперски пушки кои уништуваат цел на оддалеченост од 600 и 1.800 метри. Со текот на времето сопствениците повикаа европски инженери од SIG Sauer да го прошират бизнисот и да започнат со производство на автоматски пушки “, изјави за Russia Beyond Јуриј Синичкин, главен инженер на корпорацијата Lobaev Arms.
Може да ви биде интересно: Која снајперска пушка може да ја замени советската СВД?
Според него „Tawazun“ произведува модифицирани верзии на руските снајперски пушки ДВЛ-10 направени за операции во градските услови. Оружјето се вика CSR-308 и се разликува од руската варијанта со отпорната на песок.
Едноставно речено, оваа пушка не е толку чувствителна на прав како европските снајперки.
Rugged precision rifle. The CSR 308 by CARACAL is a modern, rugged, manual-bolt, precision rifle system well-suited for use in the most demanding environments. Ideal for military and law enforcement personnel, the CSR 308 delivers reliability, safety and operator convenience. pic.twitter.com/2iBvSWGgF8
— EDGE (@_edgegroup) November 22, 2020
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче