Куќите ќе бидат направени со помош на градежен печатач S-300.
Според зборовите на извршниот директор на компанијата АМТ Александар Маслов, градежниот 3Д печатач речиси и не се разликува од обичните уреди што печатат предмети со помош на стопена пластика. Но, благодарение на големите димензии, тој овозможува „печатење“ на архитектонски објект од кој било степен на сложеност.
Се наведува дека компанијата веќе ја привршува изградбата на првиот објект, чиј квадратен метар чини околу 20 илјади рубли (230 евра). Планирано е втората куќа (викендичка од 100 квадратни метри) да се направи за 30 часа. А на третата куќа градителите планираат да ги покажат „можностите на градежниот 3Д печатач од гледна точка на сложеноста на обликот“. За сите парцели веќе се воведени вода, електрична енергија и канализација.
Компанијата објаснува дека сите „отпечатени“ куќи ќе се користат како хотели при наставниот центар на АМТ, каде што ќе се изведува обука за изградба на 3Д принтери и сите ќе бидат „легални“ и внесени во катастарот.
Ова не е прво искуство на компанијата АМТ да гради со помош на печатач. Во 2017 година таа ја отпечати првата куќа со оваа техника во Јарославската област.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче