Promobot V3 може да се види во Центарот за иновации „Сколково“ на периферијата на Москва.
Максим Шеметов/ReutersРускиот услужен робот „Промобот“ почна да извршува работи во компанијата Security-Robotics чие седиште е во Берлин, соопштуваат за агенцијата РИА „Новости“ од компанијата „Промобот“. Во исто време се соопштува дека во обврските на роботот спаѓаат патролирање, видео видеонадзор на вработените и посетителите во објектот, како и обезбедување и давање консултации за посетителите.
Како што се прецизира, рускиот робот може да комуницира на англиски и германски, а ќе работи во спрега со роботите Spot на компанијата Boston Dynamics и Argus на компанијата SMP Robotics, како и со безбедносниот дрон за надворешно патролирање што го направи компанијата Sunflower Labs. Покрај тоа, „Промобот“ може слободно да се движи и заобиколува пречки, бидејќи има сензори за препознавање на пречки направени од инженерите на оваа компанија.
Минувачи на Тајмс сквер комуницираат со роботот Промобот кој ја информира јавноста за симптомите на коронавирусот и спречување на негово ширење. Снимка од видео. Њујорк.
Reuters„Роботите се технологиите на сегашниот момент. Перспективите на системите за обезбедување објекти во Европа бараат автоматизирани решенија. Роботите ќе им дадат поддршка на вработените во фирмите кои се занимаваат со обезбедување и ќе им овозможи да се ослободат од здодевните и рутински задачи, и наместо тоа да се посветат на поважните безбедносни процеси“, го цитира информативната служба на компанијата „Промобот“ извршниот директор на фирмата Security-Robotics Алексеј Токарев.
„Меѓународната соработка со цел автоматизација е еден од водечките вектори во стратегијата за развој на компанијата. Кога работи во обезбедување роботот ги исклучува сите тнр. „грешки на човечкиот фактор“. Тој не се уморува, не е груб кон посетителите, не доцни на работа, и што е најважно - никогаш не греши“, истакна директорот за развој на компанијата Олег Кивокурцев.
Компанијата „Промобот“ произведува автономни услужни роботи. Таа е основана во 2015 година во Перм. Од истата година има претставништво во „Сколково“. Роботите произведени во оваа компанија се ангажирани во 40 земји како администратори, промотори, консултанти, водичи и консиержи, заменувајќи или дополнувајќи живи вработени. Можат да се сретнат во „Сбербанк“, во Музејот на современа историја на Русија, Мултифункционалниот центар за државни услуги (МФЦ) и на аеродромот Балтимор-Вашингтон и Дубаи Мол.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче