Снимки со новото чудо на технологијата започнаа да се појавуваат на социјалните мрежи. Прес-службата на компанијата „Јандекс“ потврди на дописникот на „Росијскаја газета“ дека роботот навистина веќе се движи по улиците на Инополис. Тешко е да се каже што ќе прави и какви функции ќе извршува. „Тој сé уште се навикнува на новиот град. Сите детали претстојат“.
Роботот е целосно автономен и самиот си ги планира движењата, ја следи околината и избегнува пречки. Неговата маршрута може да се состои од неколку километри, а тој се движи само по тротоарите.
Оваа пролет „Јандекс-Ровер“ се појави на улиците на Сколково и ѝ помогна на администрацијата со испорака на документи и пакети во реонот. Инополис е исто така едно од местата каде компанијата ги тестира своите разработки во сферата на беспилотните превозни средства. Имено, токму таму денеска можете да видите такси без возач.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче