Русија првпат откачи модул на Меѓународната вселенска станица

Roscosmos/Globallookpress
Од Меѓународната вселенска станица (МВС) првпат е одвоен застарен модул.

Стариот модул „Пирс“, кој помина 20 години во орбитата, беше откачен од Меѓународната вселенска станица. Преносот од овој настан беше прикажан на сајтот на „Роскомос“.

Товарниот вселенски брод „Прогрес МС-16“ заедно со модулот „Пирс“ во 12:56 часот се одвоија од долниот порт на модулот „Ѕвезда“.

Ваква операција беше изведена за прв пат. Тоа овозможи ослободување на поврзувачкиот јазол на рускиот сегмент на МВС за прием на повеќенаменскиот лабораториски модул „Наука“, што ќе се изврши на 29 јули.

Во 16:01 часот вселенскиот брод ќе го вклучи моторот за да го спушти модулот од орбитата.

Планирано е во 16:42 часот „Прогрес“ со модулот да влезе во атмосферата и да почне да се распаѓа. Според пресметките, елементите на конструкцијата кои нема да согорат во атмосферата би требало во 16:51 часот да паднат во јужниот дел на Тихиот океан, во таканаречените „Гробишта на вселенските бродови“. Тоа е подрачје низ кое не е дозволена пловидба. Се наоѓа оддалечено 3630 километри од Велингтон, главниот град на Нов Зеланд,. Поради сличноста на задачите, „Прогрес МС-16“ го доби прекарот „Герасим“ по јунакот од расказот „Муму“ на Иван Тургенев.

Модулот „Пирс“ беше лансиран и споен со МВС во 2001 година. Екипажот го искористи 52 пати за излегување во отворена вселена. Со него беа спојувани бродови со екипаж „Сојуз“ и товарни бродови „Прогрес“.

Русија планира во 2025 година да се откаже од користење на својот сегмент на МВС и да пристапи кон создавање на нова орбитална станица.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња