Рамни на американските: американски генерал ја признава ефективноста на руските подморници

Нуклеарната подморница „Северодвинск“

Нуклеарната подморница „Северодвинск“

Лев Федосеев/TASS
Најновите руски подморници од проектот „Јасен“ предизвикаа голем немир во Пентагон. Бесшумната пловидба, нивната мала видливост и моќното ракетно оружје ги прават новите руски подморници најопасниот противник за американската армија и морнарицата.

Началникот на Северната команда на САД, генерал Глен Ванхерк, изјави пред Сенатот: Нуклеарните подморници од проектот „Јасен“ се на исто ниво со американските.

„За пет години тие ќе имаат осум до девет такви подморници кои што ќе претставуваат постојана и непосредна закана за нашите источни и западни брегови, нешто што не никогаш не било во минатото“, го цитираше изданието The Drive.

Како пример, генералот го посочи нуклеарниот крстосувач „Казањ“, кој влезе во состав на флотата во пресрет на Денот на Победата. Како што истакнува публикацијата, една подморница од проектот 885 може да носи до 40 суперсонични крстосувачки ракети „Калибар“, кои се способни за успешно погодување на морски и копнени цели. Тие исто така можат да носат супсонични противбродски крстосувачки ракети „Оникс“, а во иднина и хиперсонични „Циркон“.

Истото мислење го дели и командантот на 2 флота на САД вицеадмирал Ендрју Луис, кој претходно изјави дека руските подморници на Арктикот можат да поминат подолго време под вода и да носат смртоносно оружје.

Како што забележува изданието, пренесува „Росијскаја газета“, потенцијална потешкотија во лоцирањето на подморниците од проектите „Јасен“ и „Јасен-М“ ја комплицира целокупната слика и „ја ослабува предноста на Америка во клучните стратешки области“.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња