„Национален Интерес“ го оценува рускиот проект за создавање „воздушни мински полиња“

Ударен дрон „Ланцет“

Ударен дрон „Ланцет“

Kalashnikov Media/Global Look Press

Американското издание „Национален Интерес“ ја коментира планираната употреба на руските беспилотни летала „Ланцет“ за создавање воздушно минско поле.

„Ланцет“ има цилиндричен труп со два комплета панели во вид на буквата Х кои се преклопуваат навнатре за складирање. Тој е опремен и со електричен погон со две лопатки и сензорска единица во носниот дел. Дронот се лансира со помош на едноставен копнен катапулт и може да лета со брзина од 80 до 109 км/час“, пишува изданието, пренесува „Росијскаја газета“.

Исто така, се истакнува дека дронот може да напаѓа цели според наведени координати, како и да извршува команди на операторот. Видеосликата му овозможува на операторот да го коригира летот за да погоди подвижна цел и брзо да одговори на промената на ситуацијата на бојното поле. Во заклучната фаза од летот лојтеринг муницијата ја погодува целта со 290 км/час.

Забележително е дека рефлектирачката површина на дронот е отпорна на ласерско зрачење. Покрај тоа, малечкиот и маневарбилен „Ланцет“ потежок за откривање, а дури и да биде откриен, на радарот му е потешко да го разликува од птиците. Важна предност е тоа што „Ланцет“ е поевтин од западната лојтеринг-муниција или дури и од паметните артилериски гранати со ласерско наведување.

„Ако материјално-техничката база и трошоците овозможат нивна широка употреба, на пример како вод на помошно оружје во тактички баталјонски групи, тоа ќе им даде можност на обичните единици да нанесуваат високопрецизни удари“, се вели во написот.

Сепак, уште поинтересна е фундаментално новата употреба на беспилотните летала како „кружечки стражари“, од кои е можно да се создадат цели „воздушни мински полиња“ за пресретнување и уништување на непријателски беспилотни летала. Оваа функција ја реализираат руски програмери.

„Национален Интерес“ потврдува дека доколку во иднина за време на борбените дејствија се користат широко смртоносни, но достапни беспилотни летала, тогаш треба да се развијат и средства за заштита од нив.

Употребата на беспилотни летала за уништување на други дронови е економски исплатлива, бидејќи во овој случај цената на средствата за уништување е споредлива со цената на заканата, заклучува авторот.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња