Во Русија отворена првата касарна во лофт стил (ФОТОГРАФИИ)

Военоградежен комплекс на Министерството за одбрана на РФ
Прва е, но сигурно не и последна.

Министерството за одбрана на Русија ја отвори првата касарна во лофт стил во градот Усуријск, недалеку од границата со Северна Кореја. Објектот е отворен на почетокот на април.

Во изградбата е користена црвена тула за реконструкција на историската касарна што се наоѓала овде пред 120 години.  

Објекото е правен по принципот на минимализмот, т.е. само она што е „потребно и доволно“.

„Воените градежници кои неодамна ја завршија реконструкцијата на објектот се одлучија да не му го менуваат некогашниот изглед. Тоа е симболичен знак на почит спрема историјата на оваа воена единица“, ја коментира изградбата на касарната во лофт стил Вадим Козјулин, професор на Воената академија на науки.

Од друга страна, објектот одговара на сите современи стандарди за безбедност и комфор. Може да прими 200 лица.

Овде нема големи простории за дневен престој карактеристични за градскиот лофт стил, но тука има сé што им е потребно на војниците – кревети, касети, теретана и соба за психичка релаксација каде војниците можат да читаат книги или да гледаат телевизија.

„Изградбата на оваа касарна го привлече вниманието на медиумите во целата земја. Тоа е добро за подобрување на имиџот на армијата. Можеби во иднина ќе видиме уште некои интересни иновации и градежни потфати во армијата“, додава експертот.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија
Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња