„Калашников“ направи нов ловечки карабин TG2 „Magnum“

Kalashnikov Media
Карабинот е наменет за почетници кои штотуку зачекориле во светот на ловечките авантури.

Кон средината на март концернот „Калашников“ исфрли на пазарот оружје со мазна цевка со карактеристики позајмени од воениот автомат АК. Новиот карабин користи ловечки патрони .366 Magnum, па затоа го доби и називот TG2 „Magnum“.

TG2 „Magnum“

Се работи за нова пушка наменета за цивилното население во Русија и целиот свет. Се базира на карабинот „Сајга-308“ со ижлебена цевка и моќните боеви куршуми на НАТО со калибар .308 Win. Според огнената моќ, тој е некаде помеѓу патроните .366 TKM и 9.6/53 Lancaster.

Енергијата на зрното 366„Magnum“ за TG2 изнесува 3500 Џули, што е три пати повеќе отколку кај АК-74М, кој користи муниција со калибар 5,45х39.

Новиот карабин, како и неговиот претходник калибар TG2 со калибар .366TKM, има „парадоксален“ жлеб на излезот од цевката што служи за стабилизирање на пушченото зрно.

Има и хромиран канал на цевката, лежиште на куршумот, гасна сопирачка што може да се симне, бочно преклоплив задник и кратка рамка со 8 куршуми.

Тежок е околу 3,8 кг, што и не е малку. Цевката е долга 415 мм. Со расклопен кундак пушката е долга 945 мм, а со склопен 700 мм.

Оружјето е направено во согласност со законите на Руската Федерација, што значи дека не е можно да се пука со преклопен кундак.

Карабинот ТГ 2 е оружје со мазна цевка. Може да го купат и граѓани кои немаат искуство со ловечко оружје.

Неодамна „Калашников“ направи уште една пушка од серијата TG 2, исто така за почетници.

Првиот TG 2

Првиот TG 2 направен од „Калашников“ користи скапа муниција со калибар .366 TKM.

Конструкцијата на оружјето е копија на воената верзија на АК од серијата 103, чија муниција со калибар 7,62х39 најчесто се користи во светот.

„Куршумот ТКМ е 50% потежок од куршумот со калибар 7,62х39. Има голема продорна моќ и е погоден за лов на дивеч со средна големина“, смета воениот аналитичар Дмитриј Сафонов.

Серијата TG има подобрена ергономија во споредба со воените автомати од старата школа. На пример, новиот карабина има платформа за брзо ракување со оружјето и преминување во режим на стрелба.

„Поради класичната конструкција, беше неопходно да се симне раката од ракофатот за да може да се откочи оружјето. Проблемот со ергономијата е решен во новата верзија“, додава експертот.

TG 2 има и „Пикатини“ шини за монтирање современи оптички нишани, нишани со црвени точки и друга оптика. Во тој поглед, .366 TKM исто така се разликува од серијата .366 Magnum, бидејќи  поновиот модел не користат шини на НАТО за монтирање на оптиката, туку шина „ластовичкин опаш“, која дава повеќе можности за поставување оптика.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња