Кој и зошто во СССР се обидуваше да создаде тенк со два 152-мм топа?

На почетокот на 1980-тите години во Советскиот Сојуз се разгледува можноста за создавање тенк со моќно оружје – два топа од голем калибар. Неговата наводна слика се појави на интернет.

Борбената машина на која работи Харковското конструкторско биро се вика Објект 490 „Топол“. Се разгледуваат три варијанти за топови: 125 мм, 130 мм и 152 мм.

Големата брзина на гаѓање е обезбедена од два изолирани еден од друг автоматски полначи. Кога едниот од нив е во дефект, тенкот ја задржува можноста да води борбени дејствија, пишува „Росијскаја газета“.

На покривот на куполата се монтира еден 23-мм стабилизиран автоматски топ, митралез со калибар 7,62 мм, како и прибори за набљудување за екипажот од двајца војници.

Суспензијата требаше да биде хидропневматска, регулирана. Така, на пример, при заседа и истовремена стрелба од двата топа, за поголема стабилност, можат да се спуштат на земја двете надворешни задни тркала.

И покрај многуте оригиналните решенија, кои на многу начини беа пред своето време, конструкторите не се осмелија да произведат прототипови.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња