Русија вакцинирала против коронавирус најмногу граѓани во цела Европа

Николај Гингазов/Global Look Press
Како што соопштуваат од Рускиот фонд за директни инвестиции, веќе 3,5 милиони граѓани на Русија ги примиле двете дози на вакцината „Спутник V“.

Русија е прва во Европа според бројот на жители кои во целост извршиле вакцинација против коронавирус. Имено, двете дози на вакцината „Спутник V“ веќе ги примиле 3,5 милиони граѓани на РФ. Ова во понеделникот за новинарите го изјави првиот човек на Рускиот фонд за директни инвестиции Кирил Дмитриев.

„Русија е на прво место во Европа според бројот на комплетирани вакцинации против коронавирус, бидејќи двете компоненти на „Спутник V“ веќе ги примија 3,5 милиони граѓани на РФ. Ниедна друга европска земја сé уште не извршила комплетна вакцинација на три милиони жители. Русија заедно со Кина, САД, Индија и Израел е меѓу првите пет земји во светот според бројот на комплетно вакцинирани жители. Често со тој показател некоректно се споредува бројот на примени инјекции, додека Русија користи конзервативен пристап кон броењето на вакцинираните, т.е. ја смета само целосната вакцинација која подразбира дека се примени двете компоненти“, рече Дмитриев.  

Масовната вакцинација во Русија почна на 18 јануари 2021 година. Граѓаните на Русија главно го примаат препаратот „Спутник V“. Тоа е првата вакцина против коронавирус во светот која беше официјално регистрирана.

Во овој момент примената на „Спутник V“ е одобрена во педесетина земји ширум светот. Во понеделникот, 15 март, агенцијата „Ројтерс“ соопшти дека Европската Унија има намера да започне преговори за купување на руската вакцина.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Повеќе возбудливи стории и видеа на Фејсбук страницата на Russia Beyond-Македонија

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња