Руската армија доби нов контингент модернизирани тенкови Т-90М „Пробој“

Скриншот
Благодарение на подобрувањата според сите главни параметри кои карактеризираат еден тенк, Т-90М „Пробој“ претставува врв на тенковската воена индустрија. Употребата на тенкови со ваков комплексен пакет модернизација значително ќе го зголеми севкупниот квалитет на руските оклопни единици, особено кога станува збор за потенцијална конфронтација со технички напреден противник.

Концернот „Уралвагонзавод“ (дел од државната корпорација „Ростех“) им испорача на руските оклопни единици уште еден контингент модернизирани основни борбени тенкови Т-90М „Пробој“. Ова на веб-порталот ТАСС го пренесе информативната служба на концернот.

„Уралвагозавод“ му испорача контингент тенкови Т-90М „Пробој“ на својот нарачател“, рекоа од прес-службата.

Како што соопштија луѓето од концернот, основниот борбен тенк Т-90М „Пробој“ претставува најсовремена верзија на семејството тенкови Т-90. „Тенкот претставува најмодерна верзија на семејството основни борбени тенкови Т-90 и има карактеристики кои му овозможуваат изведување ефикасни борбени дејствија во услови на современа војна. Ова е постигнато благодарение на оклопната заштита која го штити практично од сите правци, современиот дневно-ноќен високоавтоматизиран систем за управување со огнот, како и реализацијата на техничките подобрувања на планот на зголемувањето на неговото преживување на првата линија на фронтот“, истакнуваат од концернот.

Без оглед на значителното „софистицирање“ на верзијата Т-90М во однос на основните модели на тенкот како Т-90А „Владимир“, тој го задржа високото ниво на сигурност.

Т-90М „Пробој“ претставува најнова модификација на рускиот основен борбен тенк Т-90, кој благодарение на исклучително богатата и комплексна програма за надградба, стана практично нов тенк. При подигањето на основниот борбен тенк Т-90А на стандардот Т-90М, инженерите на „Уралвагонзавод“ се фокусираа на искуството на искуствата од борбената експлоатација на Т-90 во Сирија, но исто така и на генералното искуство од употребата на различна оклопна борбена техника од советско/руско потекло во бројните конфликти низ целиот свет.

Покрај техничките подобрувања, тој претрпе и одредени промени во дизајнот. За него беше развиена нова тенковска купола на која е интегриран модернизиран топ со калибар 125 мм, кој може да користи муниција со поголема пробојна/разорна моќ. Од тенковскиот топ ќе може да се истрелуваат и наведувабни противтенковски ракети што можат да погодат копнена цел (фиксна/мобилна) на растојание до 5000 метри.

Според некои извори, тенкот Т-90М тежи скоро 50 тони. Благодарение на новиот мотор кој развива 1130 коњски сили, тој може да ги достигне брзинските параметрите кои ја красеа основната верзија на тенкот. Во исто време, овој мотор работи во границите на економичноста (и во екстремни временски услови), бидејќи со едно полнење на резервоарот може да помине растојание од 550 км.

 

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња