Самоодна хаубица 2С3 „Акација“
Vitaly V. Kuzmin/www.vitalykuzmin.netВо Приморскиот и Хабаровскиот крај „замириса“ букет од артилериски орудија. На полигоните на Источниот воен округ излегоа „Акации“, „Лалиња“ и „Зумбули“ („Гиацинты“). Овие орудија вежбаат извршување задачи во рамките на извидувачкиот ударен комплекс.
На синхронизираните дејствија на маневрите им се придружија и повеќецевните ракетни лансери „Град“ и „Торнадо“. Гаѓањето со директно и полудиректно наведување се изведува од отворени и затворени позиции, а целта се командни позиции, објекти и живата сила на условниот непријател.
Артилериските орудија го изведуваат гаѓањето заедно со беспилотни летала. „Орлани“ од висина од 1,5-2 км во реално време го коригираат огнот, и тоа е работа во склоп на извидувачкиот ударен комплекс. Артилеријата од воздух ја покриваат хеликоптери Ка-52 „Алигатор“ кои со авионски проектили во слободен пад ги уништуваат целите на земја.
На заедничките маневри се ангажирани преку 1200 војници и околу 300 единици техника.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче