Русија прави уште 3 „Охотника“: најавени промени кај беспилотното летало

Youtube
Рускиот воено-индустриски комплекс работи на комплетирање на уште три експериментални модели на тешкиот јуришен дрон С-70 „Охотник“. Експерименталното летало кое ќе ја носи ознаката „02“ ќе има одредени промени во однос на основната верзија. Моделите „03“ и „04“ практично ќе бидат летала врз основа на кои ќе започне сериското производство и воведувањето во вооружувањето на руската армија.

Новосибирскиот воздухопловен завод „Чкалов“ (НАЗ) ќе комплетира уште три експериментални модели на тешкото ударно беспилотно летало С-70 „Охотник“, соопштува веб-порталот РИА „Новости“. Ова на руските новинари им го пренесе неименуван извор од военоиндустрискиот комплекс.

„НАЗ (Воздухопловната фабрика „Чкалов“) склопува уште три експериментални летала С-70 со броевите 02, 03 и 04. Планираме оваа група дронови „Охотник“ да ја приклучиме на програмата за летечко-технички тестирања кои ќе се извршат во периодот 2022-2023 година“, рече соговорникот на оваа новинска агенција.

Тој не прецизираше до кое ниво се комплетирани овие летала, но додаде дека при конструкцијата на вториот апарат (број „02“) се внесени одредени измени кои се резултат на тестирањето на првата верзија на „Охотник“. Оваа верзија првпат полета во август 2019 година.

„Ќе има модификации, конкретно кога станува збор за електронскиот систем, како и конструкцијата на „летечкиот змеј“, изјави соговорникот на руската агенција.

Тој истакна дека третиот и четвртиот експериментален модел на леталото ќе бидат направени практично како „сериски верзии“ на „Охотник“. Броевите „03“ и „04“ ќе бидат максимално приближени на серискиот модел.

Друг неименуван извор рече дека тие летала „Охотник“ ќе бидат опремени со безфорсажни мотори АЛ-41Ф. Тој ќе биде комплетно прилагоден на летечата конструкција на тешкиот ударен дрон. Дизајнот на леталото и материјалите што се шроменети при неговата изработка (вклучително и сите дополнителни агрегати) значително ќе ја намалат неговата рефлексивност во топлотниот и радиоелектронскиот спектар.

Тоа ќе биде повеќенаменско беспилотно летало што ќе има високи способности за борба против воздушни и копнени цели на условниот непријател. Основните барања за еден ваков амбициозен проект се: намалување на видливоста на леталото во практично сите дијапазони, голем долет, употреба на високопрецизно оружје со голем дострел и висока интелектуализација (примена на вештачка интелигенција) во напаѓачко-навигацискиот блок на опремата.

С-70 „Охотник“ според различни процени ќе достигнува маса до 20 (25) тони, што е, на пример, двојно повеќе од тактичкиот ловец од четвртата генерација МиГ-29. Ќе може да оствари висока суперсонична брзина која ќе изнесува околу 920 км/час. С-70 ќе може да прелета околу 3500-6000 км и достигне висина (плафон на лет) од преку 10000 метри. Оттаму со високопрецизно оружје ќе може да уништува непријателски копнени цели и да врши операции на воздушно извидување. Процените се дека „Охотник“ ќе има способност да понесе средна до голема количина убоен товар која се движи во опсег од 2-8 тони.

Минатата година руското беспилотно летало „Охотник“ успешно реализираше експериментални летови без оглед на временскиот период или метеоусловите. Тоа ќе има способност да делува целосно самостојно или во координација со авионите ловци од петтата генерација Су-57, како и со останатите летала за слична намена.  

Дронот ќе биде направен според технологија која ќе му обезбеди мала радарска рефлексивност-видливост. Основната конструкторска база за изработка на ова летало е концепцијата на тнр. „летачко крило“. Убојното вооружување ќе го носи во внатрешните борбени спремници, слично како кај ловците од петтата генерација. Корпусот на беспилотниот апарат ќе биде направен од композитни материјали.

Се проценува дека сериското производство на ова летало и неговото воведување во оперативна употреба на руската армија (конкретно во Воздушно-космичките сили) ќе почне од 2024 година.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња