Повеќе од 1,5 милиони луѓе се вакцинирани со препаратот против коронавирус „Спутник Vˮ, се наведува во соопштението за медиумите на Рускиот фонд за директни инвестиции.
„Повеќе од 1,5 милион луѓе веќе се вакцинирани со препаратот „Спутник V“. Вакцината не предизвикува силна алергиска реакцијаˮ, се наведува во соопштението.
Претходно Александар Гинцбург, директор на Центарот „Гамалејаˮ што ја направи вакцината, изјави дека до крајот на новогодишните празници на широката популација во Русија ќе ѝ бидат достапни 1,5 милиони дози од вакцината „Спутник Vˮ.
Тој исто така истакна дека не се откриени нови нуспојави при примањето на вакцината.
Вакцинацијата против инфекцијата со коронавирус започна во сите региони на Русија кон средината на декември.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче