Како изгледа најпрецизниот руски пиштол ПЕ-10

kalashnikov.ru
Може да се споредува со снајперските пушки според прецизноста. Додуша, и според цената. Но, не е за армијата. Пиштолот „Ефимов“ е премногу чувствителен.

По воведувањето на санкциите 2014 година и забраната за увоз во Русија на европските пиштоли CZ и Glock, руските оружари го направија најпрецизниот и најбрз домашен пиштол ПЕ-10.

„Ова оружје е наменето за гаѓање во стрелана. Тоа не е за армијата, затоа што по првото потопување во вода или валкање во кал пиштолот повеќе не е за употреба. На армијата ѝ е потребно сигурно оружје, како автоматот „Калашников“, кое поднесува температури од -40 до +40 и функционира во тропски услови и во пустина“, изјави за порталот Russia Beyond воениот аналитичар Дмитриј Сафонов.

Како што објасни тој, сите делови и механизми на пиштолот ПЕ-10 се нежни и чувствителни. На пример, чкрапалото е чувствително како кај најпрецизните снајперски пушки. „Кратко е и меко. Доволен е притисок од половина килограм. Така е направено за брзината на стрелање да биде побрза, но за сметка на сигурноста во борбени услови“, истакна експертот.

ПЕ-10 е првиот руски пиштол направен за моќната американска муниција .40 Smith&Wesson (10х21 мм). Тоа е мошне нестандардно решение кога станува збор за руско оружје.

Според прецизноста ПЕ-10 е сличен на снајперските пушки.

„Стручњаците кои го тестираа пиштолот тврдат дека при гаѓање од рака на оддалеченост од десет метри групата погодоци не излекува надвор од пречник помал од 3 см. Творците на ова оружје тврдат дека од дистанца од 50 метри дури и недоволно извежбан стрелец може да погоди мета со големина 4х3 см“, додаде Сафонов.

Пиштолот „Ефимов“ (ПЕ-10) има техничка гаранција за 50000 испукувања. Тоа е неколку пати повеќе отколку кај армискиот пиштол „Јаригин“, но е двапати помалку отколку кај австрискиот Glock 17 или CZ.

Уште еден важен недостаток во споредба со европските модели е и цената на ова оружје. Основниот комплет на пиштолот „Ефимов“ чини неверојатни 2800 евра. Тоа е нонсенс за цивилно оружје, затоа што отприлика толку чини пушка направена по индивидуална нарачка или основен комплет на снајперска пушка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња