„Проектот на обединета вакцина против коронавирус и сезонски грип е она над што денеска работиме“, изјави на 21 октомври директорот на оваа установа Ринат Максјутов на состанокот на форумот за дискусија „Валдајˮ, пренесува РИА „Новостиˮ.
Комбинацијата на грип и коронавирус е многу опасна. Неодамна научниците од Универзитетот во Ливерпул открија дека ако човек заболи најпрвин од едниот, па од другиот, ризикот од смртен исход е 6 пати поголем.
Во моментов во Русија е во тек интензивна вакцинација против грип.
Градоначалникот на Москва Сергеј Собјанин неодамна соопшти дека масовната вакцинација против коронавирус во рускиот главен град ќе почне во декември-јануари.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче