Катјуша (рус. Катюша) е име за советскиот повеќецевен ракетен лансер, првото ракетно артилериско оружје на светот и едно од најпознатите артилериски орудија во вооружувањето на Црвената армија во текот на Втората светска војна. Развиена во текот на 30-тите години на минатиот век, „Катјуша“ е држена во тајност сé до германскиот напад врз СССР. Батериите од овие ракетни фрлачи, со кои дотогаш ракуваа исклучиво единиците на НКВД, се ставани по потреба на располагање на одделни команданти на армиите на оние сектори на фронтот кои беа особено загрозени од непријателскиот напад. Црвената армија првпат ги употреби на боиштето на 14 јули 1941 година, во текот на операцијата околу градот Орша (денешна Белорусија).
У Питеру примећена "Каћуша"са пуним борбеним комплетом који се састоји од 16 ракета М-13 постављених на лансере. Оруђе се најнормалније кретало локалном комуникацијом, која је прилично оптерећена великим бројем цивилних возила. pic.twitter.com/ZFqLIu98vX
— Marsonline (@gvozdenavolja) September 12, 2020
Системот се состои од повеќе ракетни лансери поставени на шасија на камион, што му дава голема мобилност. Ракетите може да се испукуваат поединечно или рафално. „Катјушите“ се оружје со релативно скромна прецизност, но нивната ефикасност се надоместува со плотунското дејство на голем број ракети врз истата мета. Користени се како оружје за поддршка на пешадијата и оклопно-механизираните единици. Во завршната фаза на војната е користена во голем број во текот на артилериската подготовка пред почетокот на офанзивните дејствија.
Германските војници кои првпат се сретнаа во борба со ова орудие го нарекоа „Сталиновите оргули“, поради специфичниот звук што ракетата го произведуваше при лансирањето. Првичната верзија на овој ракетен лансер Б-13 користеше ракети на цврсто гориво со калибар 132 мм кои беа лансирани од едноставен повеќекратен шински лансер, најчесто монтиран на камион со три осовини (ЗИС). Паралелно со Б-13 е развиен и повеќецевниот ракетен лансер на ракети БМ-31-12 кој користеше ракети со калибар 300 мм кои беа лансирани од лансер со облик на правоаголна рамка од заварени челични шипки, во кој беа монтирани четири лансирни шини со вкупно 12 ракети.
Повеќецевните ракетни лансери беа врвна тајна на почетокот на Втората светска војна. Поради тоа се формирани специјални одреди на тајната полиција НКВД за да управуваат со нив. Експериментална батерија од седум лансери под команда на капетан Иван Фљоров првпат беше користена на 14 јули 1941 година во битката кај селото Рудња кај Смоленск. Таа батерија уништи голема група германски војници со тенкови, оклопни возила и камиони.
Третирана како една од најголемите воени тајни, „Катјушите“ кога не дејствуваа беа покриени со церада.
Три моменти особено беа тајна: ракетното гориво, начинот на лансирање (кој беше од камион) и надминувањето на факторот на триење меѓу рампата и проектилот при лансирањето. „Катјушите“ имаа вграден систем за самоуништување така што во текот на Втората светска војна ниту една не падна во германски раце. Останаа во употреба и по Втората светска војна сé до 60-тите години на ХХ век, кога беа заменети од попрецизни и ефикасни системи.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче