Русите претставија амфибиска модификација на оклопниот автомобил „Стрела“ (ВИДЕО)

Скриншот ТАСС
Руската воена техника која има способност за совладување водени пречки доби засилување. Имено, руската компанија ВПК првпат демонстрираше модификација на новиот оклопен автомобил „Стрела“ која ќе има амфибиски карактеристики.

За разлика од основната верзија на оклопниот автомобил „Стрела“, нејзината амфибиска модификација поседува водонепропустливо тело во специјална форма со изменет распоред на отворите за прозорците, калникот и поинаква хауба. Намален е и бројот на врати. Наместо четири бочни врати, се гледаат две. Уште една се наоѓа на задниот дел на возилото. Тука се наоѓа и погонскиот уред што го движи возилото при совладувањето водени пречки. За нормална работа при совладувањето водени пречки на предната страна на возилото се наоѓа сноркел, пренесува веб-порталот РГ.

На оваа варијанта на возилото е можно вградување различни типови вооружување и друга опрема. Според мислењето на воените експерти, оваа модификација на оклопниот автомобил „Стрела“ ќе биде интересна за опремување голем број оперативни единици кои се наоѓаат во составот на руската армија, како и на другите безбедносни структури.

Амфибиската верзија на ова возило без никакво сомнение ќе биде многу барана на меѓународниот пазар на оружје. Современата фамилија оклопни возила што ја произведува рускиот воено-индустриски комплекс ќе биде претставена на претстојниот Меѓународен военотехнички саем „Армија-2020“ што ќе се одржува од 23 август на просторот на воено-патриотскиот парк на културата и одморот на Вооружените сили на Руската Федерација „Патриот“ во подмосковска Кубинка.

Потсетник

Генералниот директор на компанијата ВПК Александар Красовицки неодамна соопшти за веб-порталот ТАСС дека возилото претставува производ на иницијативата на инженерите на оваа компанија кој е реализиран во многу краток временски рок.

Оклопните автомобили „Стрела“ ќе имаат маса од околу 4,7 тони, што е многу благодарно за транспорт на возилото и по воздушен пат (воено-транспортни хеликоптери во различни модификации). Во возилото ќе може да се транспортираат до осум војници. Оклопната заштита на „Стрела“ ќе обезбеди заштита од панцирно-запалива муниција со калибар 5,45х39 и 7,62х39 мм која се испукува од автоматски пушки АК-74 и АКМ. Подот на возилото ќе биде отпорен на експлозија на минско-експлозивно средство еквивалентно на 2 килограми ТНТ. Треба да се нагласат навистина високите квалитети на ова возило кога е во прашање неговата мобилност. „Стрела“ ќе биде во состојба да достигне брзина од 155 км/ч.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња