Руските конструктори развија оклопно борбено возило „Стрела“ кое може да достигне брзина од 155 км/ч

Youtube
Рускиот оклопен автомобил од лесна категорија „Стрела“ првпат ќе биде прикажан на меѓународниот военотехнички саем „Армија“. Во возилото ќе може да се транспортираат до осум војници. Оклопот на „Стрела“ ќе обезбеди заштита на внатрешноста на возилото од панцирно-запалива муниција со калибар 5,45х39 и 7,62х39 мм која се испукува од автоматски пушки АК-74 и АКМ. Подот на возилото ќе биде отпорен на експлозија на минско-експлозивно средство еквивалентно на 2 килограми ТНТ.

Како што за веб-порталот РГ истакнаа од ООО „Воено-индустриска компанија“ (Военно-промышленная компания - ВПК), овој експонат ќе стане еден од петте најавени новитети на рускиот военоиндустриски комплекс.

Генералниот директор на компанијата ВПК Александар Красовицки соопшти за веб-порталот ТАСС дека возилото претставува производ на иницијативата на инженерите на оваа компанија кој е реализиран во многу краток временски рок.

„Стрела“ ќе има маса од околу 4,7 тони, што е многу благодарно за транспорт на возилото и по воздушен пат (воено-транспортни хеликоптери во различни модификации).

Во возилото ќе може да се транспортираат до осум војници. Оклопот на „Стрела“ ќе обезбеди заштита на внатрешноста на возилото од панцирно-запалива муниција со калибар 5,45х39 и 7,62х39 мм која се испукува од автоматски пушки АК-74 и АКМ. Подот на возилото ќе биде отпорен на експлозија на минско-експлозивно средство еквивалентно на 2 килограми ТНТ.

Треба да се нагласат навистина високите квалитети на ова возило кога е во прашање неговата мобилност. „Стрела“ ќе биде во состојба да достигне брзина од 155 км/ч.

Во овој момент е развиено целокупно семејство на овие возила, кое може да се употреби за извршување различни задачи, што подразбира интеграција на различни видови вооружување и друга воена опрема.

Според мислењето на воените експерти, неопходноста за развој на нов лесен оклопен автомобил најмногу можела да се забележи при реализацијата на минатогодишните воени вежби од стратешки формат „Центар-2019“, кога воено-транспортните хеликоптери Ми-8АМШТ во воената зона транспортираа УАЗ-ови на надворешните носачи. Во тој момент на руските генерали им било јасно дека е неопходно да се развие ново возило кое освен висока мобилност ќе има и солидно ниво на оклопна заштита.  

ВПК ја презеде обврската на претстојните саеми на оружје и воена опрема да претстави околу 20 единици оклопна техника базирана на тркала. Борбеното возило на пешадијата на платформата „Бумеранг“ ќе биде претставено на штандот на компанијата, а бројните посетители ќе можат да се уверат и во неговите огнени можности со практичниот приказ на воениот полигон Алабино.

 

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња