Угледниот професор по медицина во Русија д-р Сергеј Болевиќ вели дека Русите работат над вакцина веќе 40 години, а вакцината против Ковид-19 е завршена уште во февруари. „Тоа е исто како кога правите куќа па ви требаат година до две да видите дали темелите и ѕидовите се добри, ама кога ќе го ставите покривот, дали ќе го проверувате две години? Доволно е да се провери за 2-3 дождови кога ќе паднат“, објаснува професорот.
Тој вели дека руската вакцина против коронавирус е направена уште во февруари, а после тоа се извршени проверки.
„Институтот „Гамалеја“ работи над вакцина веќе 40 години. Пред 25 години тие први произведоа векторска вакцина која во својата основа има некаков вирус. Тие векторски вакцини веќе ги направија против треската ебола, МЕРС – блискоисточниот коронавирус кој е многу сличен на Ковид-19 и кога дојдоа до сознание дека треба да се направи вакцина против коронавирусот, тие веќе ја имаа основата над која работеа 25 години. Тие на таа основа само ѝ додадоа компонента, а тоа е генетички материјал од коронавирус“, наведува Болевиќ.
„Вакцината е направена за две недели, а потоа почнаа со неопходните проверки. Што се однесува до другите вакцини во светот, сите тие почнуваат од нула, затоа не стигнаа да ја направат, додека оваа вакцина практично беше 70% направена во февруари и завршена 100% кон крајот на истиот месец“, вели професорот.
Болевиќ вели дека вакцината е тестирана и на животни и на луѓе и дека според руските закони може да се регистрира, а потоа да се спроведе третата фаза на околу 2000 пациенти. Тврди дека вакцината е ефикасна и сигурна засега и дека тој ќе се вакцинира веќе во октомври.
Вакцината е доброволна и бесплатна за Русија, многу земји се заинтересирани за неа. Професор Болевиќ вели дека сите држави ќе можат да ја земат руската вакцина и да добијат лиценца за сопствено производство.
„Претседателот на САД Доналд Трамп рече дека ќе ја купи и прави вакцината само за својата земја, а западна Европа веројатно само за себе. Тоа не е во ред, науката не може да биде на едно место, во една држава. Русија произведе вакцина и ја дели со светот, а не само со сопствените граѓани“.
За да се направи една таква вакцина е потребно големо искуство и знаење на тимови научници од повеќе области. Русија докажа дека луѓето кои работат во нејзините научни институти се на светско ниво и не само што не заостануваат, туку во многу нешта се и лидери, вели Сергеј Болевиќ.
„Тие институти во Русија имаат огромно искуство и сега кога светот го зафати паника тие направија план за да го искористат знаењето и побрзо од другите да направат ефикасна и безбедна вакцина. Дека навистина верувам дека таа е безопасна, ќе покажам преку својот пример така што ќе се вакцинирам во октомври, затоа што сум лекар и предавам на студенти“, вели рускиот професор и објаснува зошто на Запад креваат врева против руската вакцина.
„На сегашната полемика и нападите врз руската вакцина треба да се гледа од неколку агли. Пред сé, тоа е работа на престиж. Секаде во светот зборуваат и пишуваат дека токму Русија прва направила вакцина.
Второ, големите фармацевтски компании доживеаја удар, затоа што планираа да заработат големи пари. Ако повеќе од 20 држави сега зборуваат дека сакаат да ја купат руската вакцина, тоа значи дека тие западни компании нема да можат да заработуваат на тој пазар“, истакнува д-р Сергеј Болевиќ.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче