Метеоролозите запрепастени: Рускиот Арктик се пржи на 38 степени

Global Look Press
Рускиот Арктик забележа рекордни температури кои предизвикаа големи пожари во тундрата, изјави во вторникот директорот на руската метеоролошка служба, поврзувајќи ги тие „исклучителни“ аномалии со климатските промени.

„Имавме исклучително невообичаени временски услови“ во јуни и „рекордите се лесни срушени“, изјави Клер Налис, директор на светската метеоролошка организација.

Таа напомена дека температурите над 30°C во јули се вообичаена појава за Јакутија, но 38°C во јуни се многу чудна појава.

Според нејзините зборови, во Сибир пролетта 2020 година главно беа забележани необично високи температури.

Неколку региони на северот на Русија, меѓу кои подрачјата во Јакутската Република на брегот на Тихиот океан, последниве неколку недели се соочени со топлотен бран.

Порастот на температурите и сончевото време на Крајниот Север се предизвикани од климатските промени и промените во циркулацијата на воздушните струи, со чести поларни антициклони кои носат сончево време.

Пожарите предизвикани од високите температури започнуваат маѓепсан круг, затоа што пепелта од пожарите се таложи во поларните региони поради што побрзо се топи мразот кој инаку ги рефлектира сончевите зраци и го спречува загревањето на почвата, објасни таа.

Според службените процени, Русија се загрева околу 2,5 пати побрзо од остатокот на светот поради своите големи арктички пространства.

Прочитајте повеќе: Швајцарски научници: До 2050 година Москва потопла за 5,5, Скопје за 6,9 степени Целзиусови

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња