На списокот на најнеобична воена техника се најдоа и возила од Русија и од СССР

Тенкот-цар

Тенкот-цар

Арсениј Белобородов
Во западните медиуми се појави список на 15 најнеобични воени возила. Интересно е што од нив пет модели се направени во Русија и во СССР. Дознајте нешто повеќе за тенкот-цар, за најголемиот на светот офанзивен екрпоплан-ракетоносец „Луњ“ или за чистачот на мини кој го чистел теренот со млазен мото на авионот МиГ-15.

На пример, на списокот што го состави порталот Hot Car се најде тенкот-цар кој се смета за најголемо оклопно возило во историјата.

„Тенкот-цар го има направено тим руски воени и цивилни инженери во 1914 година во облик на трицикл со две огромни предни тркала и со помало задно тркало, а секое од нив е опремено со мотор со 250 коњски сили“, ја опишува авторот оваа необична техника.

Со чудовиштето тешко 60 тони требало да управува екипаж од 15 лица. Тенкот, меѓутоа, никогаш не ја напуштил фабриката во која е правен, додаваме ние.

Уште едно возило кое се споменува е ЗИЛ-2906. Се користи за пронаоѓање космонаути кои се имаат приземјено на тешкопристапен терен. Тоа е возило со две спирали наместо тркала, а може да се движи по вода, по кал и по снег,

Екранопланите што ги користеле само советската и руската морнарица, исто така им има оставено впечаток на авторите на списокот. Тие истакнуваат дека оваа машина за летање користи неподвижни крила и специфичен ефект на тлото што создава зајакнато движење на мали висини.

Најголемиот офанзивен екраноплан-ракетоносец на светот се викаше „Луњ“.

„Луњ“

Ова летало својот прв лет го направи пред 35 години. Димензиите на овој екраноплан се навистина импресивни. Станува збор за летало кое има распон на крилата од 44 метри. Неговата должина достигнува 73.8 метри, а полетната маса дури 380 тони. Во текот на неговото тестирање, за „Луњ“ особено се заинтересира американската разузнавачка служба. За таа намена беа ангажирани сите расположливи набљудувачки сателити, а мистериозниот објект доби и свое име „Касписко чудовиште“.

На списокот на порталот Hot Cars се најде и советскиот гасно-динамичен чистач на мини „Прогрев-Т“. Тој за деминирање користеше мотор на авионот МиГ-15, поставен на шасија на тенкот Т-54. „Едноставната идеја се состоеше во тоа топлината што ја емитува млазниот мотор да се насочи кон минираниот терен“, се наведува во текстот.

Освен тоа, Hot Cars го опишува хибридот на планер и тенк Антонов А-40 („Летачки тенк“), кој е проектиран врз база на лесниот тенк Т-60. Како што признава порталот, овој проект да успеел, А-40 би станал фактор кој ги менува правилата на игра, со оглед на тоа дека станува збор за тенк кој со крилата слетува од небото директно на боиштето.

Било предвидено тешкиот бомбардер ТБ-3 „Тупољев“ да го влече овој тенк и да го крене во воздух, а потоа да го откачи на 20-25 километри од одредиштето. По атерирањето крилата би се откачиле и тенкот би бил подготвен да го нападне непријателот.

Меѓутоа, тестирањето на новото советско оружје беше неуспешно. ТБ-3 „Тупољев“ не можеше да го крене летачкиот тенк на висина поголема од 40 метри, дури и кога тежината на тенкот беше намалена. Проектот беше запрен со оглед на тоа што ниту еден авион не беше доволно силен да влече борбено возило.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња