„Роскосмос“ прави вселенски брод по примерот на некогашниот „Буран“

Роскосмос
Шефот на компанијата „Роскосмос“ Дмитриј Рогозин истакна дека советската вселенска програма „Буран“ била пред своето време.

„Роскосмос“ пристапува кон работа на вселенски брод кој ќе биде наследник на „Буран“, соопшти на 25 мај шефот на оваа државна корпорација Дмитриј Рогозин.

Тој истакна дека советската вселенска програма „Буран“ била пред своето време и овозможила изведување летови без пилот.

„Буран“ се спушти на аеродромот „Јубилејни“ на Бајконур, но потоа не му беше најдена примена“, рече Рогозин во радиопрограмата на „Комсомолска правда“.

Покрај тоа, „Роскосмос“ за три години ќе изгради аеродром на космодромот „Восточни“, а планирана е и изградба на аеродромски комплекс во терминалот „Внуково-Космос“.

„Енергија“ – „Буран“ е програма за развој на советски шатл, т.е. транспортен вселенски систем за повеќекратни летови во вселената. Орбиталниот советски шатл „Буран“ прв и последен пат леташе во вселената во беспилотен режим на 15 ноември 1988 година. Беше замислено тој да се користи за транспорт на екипажи на вселенските станици и враќање на земја на сателити на кои им истекол работниот век, како и за воени цели.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња