Гардискиот ракетен крстосувач „Москва“, кој припаѓа на класата 1164 „Атлант“, претставува најмоќниот воен брод што се наоѓа во состав на Црноморската флота (ЧФ) и генерално припаѓа на групата површински воени пловила со најголема ударна моќ во целата руска морнарица (ВМФ). Неговото место на базирање е на полуостровот Крим, а неговите главни карактеристики за веб-порталот „Известија“ ги изнесе рускиот воен експерт Дмитри Болтенков.
„Бродот ќе биде актуелен и наредните години. Неговите противбродски ракети имаат способност да уништат кој било брод што се наоѓа во оперативна употреба“, смета овој стручњак. Според него, овој брод располага со силни одбранбени системи кои го штитат од удари од воздух. Тоа е палубната верзија на ракетниот ПВО-систем со долг дострел С-300 (С-300Ф-„Форт“), кој му овозможува борба против цел спектар воздушни цели на големи далечини, пренесува веб-порталот Лента.ру.
Поради неговото многу силно ракетно вооружување од класата „вода-вода“, крстосувачот се нарекува уште и „убиец на носачи на авиони“.
Во неговото вооружување има 16 лансирни единици во кои се наоѓа ист број суперсонични ракети П-1000 „Вулкан“ со ефективен дострел и до 1000 км. Се работи за вистински „монструм“ долг речиси 12 метри и тежок 8000 килограми. Нејзината крстосувачка брзина на ниво на море достигнува 2 маха, а целта ја уништува со пробојно-деструктивна боева глава наполнета со речиси половина тон високобризантен експлозив или со нуклеарна боева глава со сила од 350 кт.
Според мислењето на поранешниот началник на Главниот штаб на ВМФ, адмирал Валентин Селиванов, ракетниот крстосувач „Москва“ е во состојба да ги уништи непријателските бродови веднаш што ќе влезат во акваторијата на Црното море. Адмиралот исто така потврди дека се работи за уникатен воен брод кој не само што е најголемиот во борбените поморски единици на Црноморската флота, туку воопшто е и еден од најголемите во руската морнарица.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче