Како што се наведува, инфективната клиника, чие отворање е планирано за 15 мај, ќе може да прими 60 пациенти.
„Во овој момент се завршени работите на монтажата на столбовите на металната конструкција, бетонирањето на носечките ѕидови и поставувањето плочи за полагање на комуникациите на ободот на зградата. Продолжена е монтажата, армирањето и залевањето на плочата на меѓукатната конструкција на вториот кат, воведувањето на канализацијата и греењето, монтажата и обложувањето со гипс-картонски плочи на металната конструкција на преградите на внатрешните простории, вградувањето сендвич-панели...“, се наведува во соопштението.
Вчера во Севастопол веќе беше доставена најсовремена медицинска опрема наменета за медицинскиот центар во изградба.
Работите за изградба на инфективната клиника почнаа на 23 март. Покрај воени градежници, вклучени се и инженериските единици на Црноморската флота. На градилиштето во две смени работат околу 400 луѓе, а ангажирани се и 30 единици техника.
Инаку, во Русија е планирано во 15 региони во земјата да бидат изградени вкупно 16 вакви медицински центри. Се работи со полна пареа, нон-стоп, во неколку смени, а одделни етапи се завршуваат пред рокот.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче