Компанијата GM-АвтоВАЗ, која ги произведуваше теренските возила Chevrolet Niva, се преименува во АД „Лада Запад Тольятти“. Ова го соопшти службата за односи со јавноста на АвтоВАЗ.
Новиот назив на некогаш заедничкото претпријатие на руска и американска компанија кажува дека тоа сега е во стопроцентно сопствеништво на АвтоВАЗ, односно дека и формално станало негова фирма-ќерка.
На почетокот на декември минатата година беше соопштено дека АвтоВАЗ купил 50 отсто акции на компанијата GM-АвтоВАЗ од американската корпорација General Motors. На тој начин претпријатието GM-АвтоВАЗ стана филијала на групата АвтоВАЗ. Теренското возило Chevrolet Niva ќе се произведува од оваа година со логотипот на Lada.
Како што на почетокот на овој месец беше објавено, теренецот Chevrolet Niva поскапе за 20 илјади рубли во сите пакети на опрема.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче