Се појави фотографија на руски специјалец со оружје од кое се плашат терористите (ФОТО)

Евгениј Бјатов/RIA Novosti
На интернет-ресурсите се појави фотографија на припадник на руските специјални единици (спецназ) вооружен со веќе познато оружје без кое не можат да се замислат современите противтерористички операции.

Оружјето за кое станува збор спаѓа во категоријата рачни фрлачи на гранати ГМ-94 калибар 43 мм, направено од производител од Тула. Овој фрлач претставува омилено оружје на руските специјални единици. Особено е омилен меѓу противтерористичките јуришни тимови во рамките на ФСБ (спецназ).

Овој фрлач на гранати според својот надворешен изглед и конструкцијата претставува „набилдана пумпарица“ која многу ефикасно може да уништи терористи кои се кријат во станбени објекти. За оваа намена фрлачот на гранати ГМ-94 употребува термобаричка граната, која при својата експлозија генерира огромна сила паралелна на граната истрелана од рачен ракетен фрлач.

Треба да се напомене дека фрлачот ГМ-94 може да се употребува од многу блиско растојание. Стрелецот, на пример, може да дејствува непосредно пред противтерористичката група за упад (далечина и до 10 метри), без последици по себе или своите соборци.

За рачниот фрлач на гранати ГМ-94 е развиена широка лепеза различни типови муниција. Тука можат да се најдат проектили со фрагментарна, разорно-фрагментарна, шок, чадна, запалива и светлечка боева глава. Ефективниот дострел на оружјето е до 600 метри. За ова оружје е карактеристично е тоа што се користи многу едноставно. Се карактеризира и со јак трзај. Меѓутоа, при правилен став за гаѓање ГМ-94 е многу комфорен за употреба и со самото тоа ефикасен при дејство.

За време на изведувањето на класични противтерористички операции кои вклучуваат јуришни тимови на спецназот, вообичаено е непосредно во акцијата да се користат најмалку два фрлачи ГМ-94. Притоа стрелците наоружани со овие фрлачи работат во пар, при што со брзо темпо (ротација) истрелуваат по една граната. Тие се заштитени во секое време со челото на групата, пред која се наоѓа балистички штит. На овој начин, за многу кратко време, целниот објект е „бомбардиран“ со осум термобарични или разорно-фрагментарни гранати, што гарантира уништување на добро утврдена поголема терористичка група.

Фрлачот на гранати ГМ-94 обично се полни со три гранати. Меѓутоа, за време на изведувањето на противтерористичка операција (особено кога непријателот е добро забарикадиран), можно е да се вметне дополнителна граната во цевката на оружјето.

Чекан во рацете на спецназот: Демонстрирано оружјето што се прослави на Кавказ (ВИДЕО)

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња