Чекан во рацете на спецназот: Демонстрирано оружјето што се прослави на Кавказ (ВИДЕО)

На интернет се појави видео материјал посветен на веќе познатото оружје на спецназот, без кое не можат да се замислат современите противтерористички операции. Оружјето за кое станува збор спаѓа во категоријата на рачни фрлачи на гранати ГМ-94 калибар 43 мм, направени од познатиот производител од Тула.

Видео материјалот на кој е претставено и практично демонстрирано ова оружје е објавен на јутјуб-каналот Lazarev Tactical.

На видео клипот може да се види дека според својата конструкција, овој фрлач на гранати е „набилдана пумпарица“ која многу ефикасно може да уништи терористи кои се кријат во станбени објекти. Со таа цел, фрлачот на гранати ГМ-94 користи термобарична граната, која при експлозијата генерира огромна сила на рамниште на граната истрелана од рачен ракетен фрлач, пренесува интернет-порталотот „Бог-рата“. 

Треба да се напомене дека фрлачот ГМ-94 може да се користи од многу блиско растојание. Стрелецот, на пример, може да дејствува непосредно пред противтерористичка група за упади (далечина и до 10 метри), без последици по себе или за своите соборци.

За рачниот фрлач на гранати ГМ-94 е развиена широка лепеза различни типови муниција. Тука може да се најдат проектили со фрагментарна, разорно-фрагментарна, шок, чадна, запалива и светлечка боева глава. Ефективниот дострел на оружјето е до 600 метри. За ова оружје е карактеристично тоа што многу едноставно се користи при употреба. Исто така, се карактеризира со силен трзај. Меѓутоа, при правилен став за гаѓање, ГМ-94 е многу удобен за употреба и со самото тоа ефикасен при своето дејство.

За време на изведувањето на класични противтерористички операции кои вклучуваат јуришни тимови на спецназот, вообичаено е непосредно во акцијата да се користат најмалку два фрлачи ГМ-94. Притоа стрелците наоружани со овие фрлачи работат во пар, при што со брзо темпо (ротација) истрелуваат по една граната. Тие се заштитени во секое време со челото на групата, пред која се наоѓа балистички штит. На овој начин, за многу кратко време, целниот објект е „бомбардиран“ со осум термобарични или разорно-фрагментарни гранати, што гарантира уништување на добро утврдена поголема терористичка група.

Фрлачот на гранатиГМ-94 обично се полни со три гранати. Меѓутоа, за време на изведувањето на противтерористичка операција (особено кога непријателот е добро забарикадиран), можно е да се вметне дополнителна граната во цевката на оружјето.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња