На интернет се појави специјална верзија на борбениот транспортер на тркала БТР-82А што го користат единиците на руската воена полиција во Сирија. Имено, ова средство во комбинација со другите оклопни возила („Тигар“ и „Тајфун“) изврши ограничено патролирање на дел од стратешки важната комуникација М-4, која го поврзува градот Алепо со Латакија.
Верзија руског војнополицијског оклопног транспортера БТР-82А (фото:Сирија М4 март месец 2020.године) pic.twitter.com/gP0AEwvWJ0
— Marsonline (@gvozdenavolja) March 16, 2020
Интересен детаљ на ова возило претставува таинствениот уред што е поставен зад куполата со неговото основно вооружување. Тој се состои од масивно куќиште на чин врв се наоѓа предмет во вид на антена. Претпоставката е дека се работи за сензор кој ги детектира огнените точки на непријателот и ја насочува куполата со вооружувањето во правец на регистрираната активност. Исто така, овој систем може да има функција и во попречување на сигналите за далечински управувано активирање на МТС кое може да биде поставено на патот.
Оваа активност е направена во соработка со турскиот воен контингент. Меѓутоа, не е во целост реализирани поради проблеми со терористичките групи и дел од локалното население кое го блокираше овој пат.
БТР-82А претставува модификација на оклопниот транспортер БТР-80. Експерименталните модели на ова возило се направени во 2009 година. Малку повеќе од четири години подоцна, оклопниот транспортер беше воведен во вооружувањето на руската армија. Масата на возилото изнесува 15400 килограми. Овој транспортер е способен да превезе до 10 војници со полна борбена опрема. Опремен е со дизел-мотор кој генерира 300 коњски сили. Благодарение на тоа, но и на погонот на тркала, БТР-82А на пат може да постигне брзина и до 100 км/час. При совладување на водени пречки, плови со брзина до 9 км/час. Со полни резервоари овој оклопен транспортер може да совлада пат во должина од 600 км.
Вооружен е со автоматски топ 2А72 кал. 30 мм во пар со митралез кал. 7,62 мм. Максималната брзина на стрелба што ја остварува овој топ е околу 300 гранати во минута. Енергијата на гранатата овозможува ефективна борба против непријателска жива сила на далечини и до 4000 метри, како и против лесно оклопна борбена техника до 2000 метри. Панцирната поткалибарна граната „Кернер“ кал. 30х165 мм може да пробие хомогена челична плоча со дебелина од 30 мм која е навалена под агол од 60 степени, од растојание од 1000 метри. Модернизираните варијанти на овој транспортер (БТР-82АТ) можат да бидат вооружени и со противтенковски наведувани ракети „Корнет“.
На 5 март во Москва се сретнаа рускиот претседател Владимир Путин и турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган кои разговараа за регулирањето на ситуацијата во сириската провинција Идлиб.
Состанокот беше завршено со донесување заеднички документ кој содржи три точки: прекин на огнот кој почнува ноќта меѓу 5 и 6 март, воспоставување безбедносен коридор во должина од шест километри кон север и југ од стратешки важниот пат М4 во Идлиб и заеднички патроли на двете земји од 15 март по должината на патот М-4 кој ги поврзува Латакија и Алепо.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче