СИРИЈА: Колку турски дронови собориja ПВО-системите 9К317 „Бук-М2Э“?

Интернет портал „Бог-рата“ (mars.online)
Се појавија информации за резултатите од примената на сириските противвоздухопловни системи со среден дострел при одбраната на воздушниот простор од нападите на турската армија. Во текстот особено се истакнуваат учиноците на „ракеташите“ кои ги опслужуваат ПВО-системите 9К317 „Бук-М2Э“ од руско производство.

Сириските ПВО-единици опремени со системите „Бук-М2Э“ лансираа вкупно 25 ракети. Притоа се соборени 20 непријателски беспилотни летала. Две летала успеаја да се спасат и покрај оштетувањата, додека три ракети ги промашија зафатените цели. Повеќе од 60% непријателски летала паднаа на територија која не е под контрола на сириската армија, пренесува интернет-порталот Marsonline.

Покрај ракетните системи „Бук-М2Э“, врз непријателските летала дејствуваа и хибридните артилериско-ракетни системи „Панцир-С“ и артилериските системи „Шилка“. Исто така, регистрирано е и дејство на останатите ПВО-системи, главно со краток дострел. Судејќи според овие податоци, „Бук-М2Э“ остварил резултат од 80% успешност. Сличен резултат беше постигнат и во текот на воздушниот напад врз Сирија во февруари 2018 година, кога САД со своите сојузници изведоа удари со далекуметни крстосувачки ракети со поморско и воздушно базирање „Томахавк“ и „Сторм Шедоу“.

Исто така, врз основа на овие податоци може да се дојде до заклучок дека турската армија за време на операцијата во Сирија изгубила околу 40 беспилотни летала од различен тип.

Во текот на овие активности сириската армија ги имаше на нишан и турските борбени авиони кои главно се движеа во близина на сириско-турската граница. Неформално, сириската војска не сакала да ги соборува борбените летала затоа што немала намера дополнително да ја ескалира ситуацијата, туку главно се концентрирала на беспилотните летала кои го загрозувале сирискиот воздушен простор. Имајќи го предвид квалитетот на ПВО на сириската армија, нема никаков сомнеж дека во тој случај и турските авиони би претрпеле големи загуби.  

„Бук-М2Э“ претставува извозна модификација на системот Бук-М2 и е наменет за борба против различни воздушни цели на кратки и да средни дистанци. Спаѓа во системите со среден дострел. Покрај стандардните аеродинамични цели како што се борбените авиони, овој систем мошне успешно се бори со крстосувачките ракети, со тактичките балистички ракети, со противрадарските системи, со специјалните воздухопловни ракети од класата воздух-земја и слично.

За гаѓање цел спектар воздушни цели, овој систем употребува наведувачки ракети 9М317. Овие ракети, од кои секоја одделно е тешка речиси 715 килограми, пресретнуваат цели и до 45 километри во далечина и 25 километри во висина. Ракетниот мотор на цврсто гориво со два режима дава „жестоко“ забрзување на оваа ракета која на сите параметри на својата патека лета со брзина од околу 4.500 километри на час. Опремена е со радарска самонаведувачка боева глава 9Э420 која работи во полуавтоматски режим. Ракетата 9М317 со голем степен на веројатност пресретнува цели кои летаат со брзина и до 4.200 километри на час, при што изведува остри маневри. Целиот систем е мошне отпорен на сите видови противелектронски дејствија кои имаат за цел да попречат откривање на воздушни објекти, како и успешно наведување на ракетата кон целта.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња