Путин призна дека ретко користи паметни уреди и му дава предност на телефонот со затворена линија

kremlin.ru
Претседателот на Русија Владимир Путин позитивно го оцени техничкиот напредок иако пред современите уреди предност му дава на апаратот со затворена телефонска линија.

Ова тој го изјави во интервјуто за новинската агенција ТАСС во склоп на проектот „Дваесет прашања за Владимир Путин“.

Одговарајќи на прашањето што мисли за новите уреди што се појавуваат со молневита брзина, меѓу другото и паметните телефони, Путин нагласи дека техничкиот напредок не може да се запре. „И не треба“, додаде рускиот претседател. „Ние не планираме да го правиме тоа“.

Одговарајќи на прашањето дали техничкиот прогрес предизвикува непријатност кај шефот на руската држава, Путин забележа: „Мене не ми е некомфорно, затоа што ништо не користам од тоа, едноставно имам други можности“.

Тој додаде дека понекогаш ѕвони со мобилен телефон, кога уредот ќе му го дадат соработниците, меѓутоа, тоа ретко се случува. „Поедноставно ми е да ја кренам слушалката на телефонот со затворена линија и ќе ми го пронајдат кој било претплатник“, рече претседателот.

Кон крајот на 2018 година портпаролот на рускиот претседател Дмитриј Песков рече во интервју за телевизиската станица „Русија 24“ дека Путин не користи паметни телефони. Тој истакна дека „старите, добри телефони со затворената владина линија ќе ги надживеат сите смартфони“. Песков ја означи употребата на паметните телефони како „доброволен егзибиционизам“ и подготвеност „да се стави сé на општ увид“. Според зборовите на портпаролот на Кремљ, тоа е невозможно во случајот со претседателот на Русија.

Прочитајте повеќе: Путин најдобро знае дали има двојник. Еве го неговиот одговор!

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња